ИутеКредит Македонија со повеќе од 20 општествено одговорни проекти во 2021 година

од 24HR

ИутеКредит Македонија под мотото #ИутеСЕГРИЖИ во текот на 2021 година реализираше повеќе од 20 општествено одговорни проекти со кои изнаоѓа начини да и возврати на заедницата и да придонесе за поубаво секојдневие на сите членови на општеството.

Помеѓу овие проекти спаѓаат донации за женскиот фудбалски клуб СЦ Истатов 2015 од Нов Дојран, женски кошаркарски клуб Струга 2009 и машкиот ракометен клуб Македонија Ѓорче Петров, како и спонзорство на првиот меѓународен женски ракометен турнир Ѓорче Петров Куп 2021.

И оваа година беше полна со предизвици за здравствените работници, па токму затоа како компанија одлучивме повторно да донираме средства за дезинфекција и заштитна опрема на Клиниката за Гастроентерохепатологија и Клиниката за Детски болести во рамките на клиничкиот центар “Mајка Тереза” во Скопје, како и Заводот за рехабилитација Козле, кој згрижува и голем број пост-Ковид пациенти на кои им е потреба дополнителна нега.

Образованието и грижата за младите генерации се дел од годишната агенда за работа на ИутеКредит, а оваа година тоа го покажавме со две доделени стипендии за Универзитетот Американ Колеџ, донација на сензорна соба со основното училиште “Димитар Поп-Георгиев Беровски” во Скопје, поддршка за младиот генијалец Дамјан Здравев и донација за две училишта за деца и млади со посебни потреби во Струмица.

ИутеКредит Македонија е еден од партнерите на СОС Детско Село и во рамки на оваа соработка беа реализирани неколку проекти каде овозможивме децата и младинците згрижени во СОС Детско Село да се забавуваат, креативно да се изразат и да се дружат со дел од вработените во ИутеКредит.

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е уште една огранизација каде ИутеКредит активно помага преку донација на средства за дезинфекција за секое од здруженијата низ земјата и спонзорство на спортските игри за пензионери кои оваа година се одржаа во Велес.

Со развојот на новите и иновативни технологии ИутеКредит како групација се стреми да овозможи и што повеќе начини да ја зачува животната средина. Така, со користење на мобилната апликација MyIute, која овозможува процесот на апликација и потпишување на договор да биде целосно дигитален, спасуваме најмалку 15 дрвја месечно. ИутеКредит Македонија се приклучи и кон иницијативата за заштеда на електрична енергија со гасење на електричните реклами во текот на месец ноември.

“Иницијативата #ИутеСЕГРИЖИ во својата срж ја има грижата за заедницата и за нејзините членови. Како општествено одговорна компанија и во 2022 година ќе продолжиме да создаваме уште многу насмевки и ќе помогнеме онаму кадешто сме најпотребни”, вели Горан Василев, генерален директор на ИутеКредит Македонија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...