Важноста на знаењето на продуктот за време на процесот на регрутација

од 24HR

Колумна на Драгана Делова, регрутер и администратор за човечки ресурси во Indaver

Како што бројот на регрутери во нашата земја станува се поголем и погласен со текот на времето, сега можеме да дефинираме што е регрутер и како регрутерите треба да се вклопат во организацијата односно компанијата. Прашањата што треба да ги поставиме се: која би била основната вештина што една организација треба да ја гледа при вработувањето и како овој профил ќе напредува во улогата на регрутер?

Многу од компаниите ќе бараат некој што би ги завршил задачите што е можно поскоро. Ќе бараат некој кој ќе им ги реши проблемите со вработувањето, ќе ги пополни позициите и веруваат дека тоа е сè што им треба. И да, тоа би ги решило проблемите, но само за кратко.

Зборувајќи од моето искуство последните 5 години, најважната карика во регрутацијата, отсекогаш била знаењето за продуктот, знаењето за тоа што компанијата има да понуди и што и треба на компанијата. Значи, да знаете што продавате е секогаш најдобар начин да го купите она што го посакувате.

Колку и да изгледа базично и секојдневно, познавањето на продуктот е нешто што им е потребно на сите регрутери од почеток до крајот на процесот на регрутирање, без оглед на тоа колку долго трае.

Каде тоа би ни помогнало?

Sourcing

Почнувајќи од самиот почеток, откако ќе се дефинираат спецификациите за работа, регрутерите кои работат на Talent Sourcing се соочуваат со илјадници кандидати. Сите тие имаат свои потреби и слика за тоа како сакаат да изгледа нивната работа, иднина и култура на компанијата. Познавањето за тоа што компанијата може да понуди и одговори на тие потреби ќе биде првиот начин за shortlisting на тие кандидати.

Recruitment Pitch

Му дава на потенцијалниот апликант вовед во позицијата за која би можеле да аплицираат и веројатно ова е прв и најзначаен пат кога можат да проценат дали таа позиција е нешто за што би биле заинтересирани да го продолжат процесот. Pitch – от е воведот во она што го работи компанијата, производот, организацијата и најчесто основа кон дефинирање на тоа како можат да се задоволат интересите и на кандидатот и на компанијата.

Relationship holder

Знаејќи ги одговорите на поставените прашања од почетокот до крајот на процесот, е плус, без разлика на исходот од тековниот процес на регрутација.

Самоувереноста и знаењето за она што го нудите, им дава на кандидатите слика за добро организирана компанија и компетентен регрутер, што е придобивка што не можеме да си дозволиме да ја изгубиме. Ние сме првото лице на компанијата, и како прво тоа мора да биде најдоброто искуство.

Да се ​​има регрутер, самоуверен во она што го работи, е нешто на што треба да работат и компанијата и регрутерот. Да се ​​има целосно знаење за производот и компанијата не е нешто што може да се научи и разбере преку ноќ.

Она што можеме да го научиме за во иднина, е начинот како е најдобро да се стекнеме со знаењето кое ни е потребно како регрутери, но и кои сè информации треба да бидат споделени од организацијата, за да се исполнат очекувањата за одличен регрутер.

За авторот:

Драгана Делова e HR професионалец со повеќе од 6 години работно искуство во доменот на човечките ресурси каде целосно се пронаоѓа. За себе вели дека е пресреќна што може да биде дел, да напредува и да ги искористи своите претходни искуства во повеќе HR процеси. Во моментов работи како регрутер и администратор за човечки ресурси во Indaver.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...