Како до среќни и мотивирани вработени

од 24HR

Колумна на Катерина Ангелковска-Магистер по менаџмент, експерт во областа на човечки ресурси

Среќата и мотивацијата на вработените, се од суштинско значење за успехот и резултатите на секоја Компанија. Среќните вработени се основата на секоја успешна компанија, затоа што тие не само што работат поефикасно, туку и создаваат позитивна работна атмосфера, која придонесува за развој и унапредување на работата во компанијата.

За да ја поттикнеме среќата кај секој еден вработен и да го подигнеме нивото на мотивираност, постојат многу мали, а истовремено клучни работи, кои треба да ги знае и применува секој работодавец.

Пред се, важно е секој вработен, без разлика на позицијата која ја има во компанијата, да знае дека припаѓа на тимот и дека неговата работа е препознаена и соодветно признаена и наградена од неговиот непосреден претпоставен, во име на компанијата.

 Постојат различни начини на кои може да се оддаде признание и да се награди вработениот, и сите тие допираат до суштината – задоволство и поголема мотивираност кај истиот. Мотивацијата не мора секогаш да биде поврзана со финансиски фактор, туку напротив некогаш доволно е само да му се оддаде признание на  вработениот пред тимот, да се пофали за конкретно завршената задача или проект, да му се даде до знаење дека неговиот труд е значаен и директно поврзан со постигнување на целите и успехот во компанијата.

Посебно значаен е и односот помеѓу вработените и менаџерот, кој треба да биде заснован на доверба, разбирање и почитување. Во однос на ова потребно е редовно давање повратна информација за резултатите, насоките во кои се движи вработениот, и давање јасни насоки, како да ги подобри своите перформанси, да стане поуспешен работник и да стане свој на своето, на работното место.

Не помалку важно е и инвестирањето во вработените, во нивните знаења и компетенции, преку организирање и вклучување во програми за развој, обуки, семинари и работилници, кои истовремено ги унапредуваат и зголемуваат знаењата и компетенциите на вработените, со што се влијае врз резултатите и успешноста на тимот, и компанијата воопшто. Инвестирањето во знаењата на вработените и инвестиција во иднината на компанијата.

Во новото современо секојдневие, посебно во периодот по пандемијата, работодавачите треба да го насочуваат своето внимание кон воведување нови бенефити и поволности, кои ќе водат кон обезбедување баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на своите вработени. Еден од овие бенефити е флексибилното работно време и можноста за работа од дома. Многу од компаниите веќе размислуваат, а дел и имаат воведено, четири дневна работна недела, во која последниот ден е наменет за афтер ворк активности, тим билдинг активности за вмрежување на вработените, со цел поголема заедничка хармонија и дејствување во тимски дух. Истите допринесуваат и за поддржувачка и позитивна работна средина, во која вработените имаат чувство на припадност на тимот, и градат силни меѓусебни врски. Сите овие поволности за вработените, влијаат врз намалување на стресот на работното место и поголема продуктувност и посветеност на работата.

Во контекст на ова, не помалку битно е и водењето грижа за менталното здравје за вработените, преку спроведување на програми за поддршка, работилници за справување со стрес, и многу други активности кои допринесуваат за создавање на здрава и благопријатна работна средина.

Создавањето на среќни и мотивирани вработени е долг процес кој подразбира многу работа, посветеност и внимание на секој вработен, одделно. Ова не се случува преку ноќ, како што и потребен е труд и енергија, вработените да останат среќни и мотивирани долгорочно.

Колку и да е потребно време и енергија, не треба да се занемари фактот што мотивираните и задоволни вработени се оние кои придонесуваат за раст, развој и успех на компанијата, па вложувањето во нивното задоволство и благосостојба е најдоброто и најправилното кое една компанија треба да го направи.

За авторот:

Катерина Ангелковска

Магистер по менаџмент, експерт во областа на човечки ресурси

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...