Како една компанија која се грижи за менталното здравје на вработените да порасне во здрава организација.

од 24HR

Како една од поновите и брзорастечки Британски компании Виртуал 1 Сервиcес во Скопје ги следи светските трендови и се грижи за здравјето на вработените.

Со почетокот на пандемијата воочивме дека е потребно да работиме на менталното здравје на вработените и започнавме да организираме најразлични настани и да споделуваме најразлични трикови, совети со кои би им се подобрило гледиштето на моменталната ситуација и прифаќање на истата.  

Во текот на целата година организиравме најразлични настани поврзани со менталното здравје и ги поддржувавме вработените доколку имаа потреба од било кој аспекс за подобрување на нивното здравје.

Така од компанија која се грижи за менталното здравје на вработените пораснавме во една здрава организација.  Најпрво со подобрување на нивното физичко, психичко, финансиско, и социјално здравје така и со безбедна работна атмосфера и здрава култура.

После целата пандемија што ни се случуваше која доста влијаеше на здравјето на луѓето сметам дека здравата организација е тренд кој ке ја зголеми продуктивноста и ефикасноста на вработените во компанијата.

Посреќните и поздравите вработени работат вредно, напорно, ефикасно и даваат подобри резултати.

Продолживме и се фокусиравме и на физичкото здравје како дел од таа Здрава организација. Пробавме да им дадеме до знаење на вработените дека физичкото здравје не е само одење во теретана и одредено физичко активно спортување. Секако дека тоа придонесува највеќе за подобрување на физичкото здравје, меѓутоа не е клучно. Постојат вработени кои сметаат дека неможат да одвојат време за да трчаат или да посетат некоја вежбална, па затоа постојат доста поситни совети кои треба постојано да им ги даваме на вработените за да го сочуваат нивното физичко здравје, како краткотрајни прошетки за време на паузата, секојдневно истегнување на работното столче, играње надвор со децата, користење на скалите наместо лифтот, прошетка со миленичето и многу вакви навидум ситни работи меѓутоа доста успешни и корисни. Секако како клучни елементи за подобрување на физичкото здравје се и сонот и спиењето, па затоа треба вработените што почесто да ги потсетувате дека со малку сон тие ќе имаат слаба концентрација, можат да донесат лоши одлуки и да бидат поспори во работењето. Храната е исто еден од критериумите за да се сочува физичкото здравје. Храната е доста важна за здравјето на вработените така да добро е некогаш кога имате одредени евенти да примените здрава исхрана и да ги замените пиците и тестенининте со Чиа пудинзи или смутиа. Многу од вработените знаат да грицкаат за време на работните часови, секако дека и тоа не е лошо доколку ги советувате да применуваат здрави намирници.

За подобрување на Манталното здравје во нашата компанија користиме годишен календар на настани и оргазинираме одредени евенти кои го подобруваат менталното здравје на вработените. За жал во Македонија сеуште се соочуваме со дискриминација на луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје и се соочуваат со одредени предизвици за да побараат помош. Тие луѓе е потребно да се охрабрат за да побараат помош, а притоа да не се плашат од одговорите на другите луѓе. Затоа е потребно да се создаде култура на работното место кадешто луѓето ќе се чувствуваат сигурни и свои за да можат да ја побараат помошта кога им е потребна.

Социјалното здравје како дел од пакетот на една здрава организација е исто така доста битно како што е дружбата со колегите, споделување на информации при неформални средби , адаптирање на различни социјални ситуации како тренинзи, тим билдинзи, пауза на работното место, планинарење, трчање.

Навидум доста интересно и од голема помош за вработените се и активностите кои ги превземаме за финансиското здравје кај вработените.

Во денешно време има доста вработени кои се заглавени во кредити и долгови. Па одредени совети како да штедат како да трошат, како да ги менаџираат каматните стапки во банките секогаш се добредојдени. Секогаш се тука и нашите вработени во секторорт  за финансии кои што се отворени за соработка и можат бесплатно да направат добар финансиски план за одреден вработен кој би имал потреба.

Заедно со мојот тим за човечки ресурси од Лондон правиме се за да нашите вработени се чувствуваат здрави, сигурни, среќни и безбедни бидејки здравјето на вработените ни е клучно и најважно.

За авторот:

Елеонора Капсималева.Магистер по човечки ресурси. Повеќе од 9 години работно искуство како Менаџер за човечки ресурси од кои 6 години во интернационални компании.

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...