Како најдобро да го опишете работното искуство во вашата кратка биографија

од 24HR

Автор на статијата е Јулијана Миновска, HR Директор на The HeadHunter во Македонија

Еден од најтешките делови при пишување на кратка биографија е составување на опис за вашите професионални ангажмани, волонтерства, проекти и други релевантни искуства.

Секој опис на вашата работна историја и волонтерско искуство треба да биде јасен и концизен, но сепак описен. Откако ќе го прочита вашиот опис, идниот работодавач треба точно да знае кои биле вашите обврски, какви вештини сте развиле, каде лежат вашите јаки страни и што сте постигнале.

Еве неколку совети од тимот на The Head Hunter што ќе ви помогнат да напишете концизен и информативен опис на вашето работно искуство:

  1. Започнете ја секоја ставка со наведување на името на компанијата, локацијата, датумите и насловот на работното место (на пр. Менаџер, волонтер). Наведете ги искуствата по обратен хронолошки редослед (најпрво најактуелното искуство).
  2. Опишете ги вашите одговорности во концизни изјави водени од силни глаголи. Фокусирајте се на оние вештини и јаки страни што ги поседувате и кои сте ги идентификувале како важни за вашата област. Обидете се да ги вклучите клучните зборови специфични за индустријата. Покажете им на потенцијалните работодавачи точно како ќе одговарате на нивната позиција и нивната компанија.
  3. Бидете сигурни дека употребувате различни зборови. Не сакате сите ваши описи да звучат исто. Користете сегашно време за оние активности што се во тек и минато време за оние во кои веќе не сте вклучени.
  4. Избегнувајте да користите „јас“ и какви било заменки и предлози.
  5. Секогаш кога е можно, измерете ги вашите достигнувања и одговорности.
  6. Избегнувајте сумирање или опишување на она што компанијата или организацијата со која работевте го правеше или уште го прави. Опишете ги вашите одговорности и достигнувања во врска со работата/организацијата, а не самата работа/организација.
  7. Ограничете го вашиот опис на три или четири најважни точки.
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...