KARIERA.mk дел од женскиот форум на Better Woman Better World

од 24HR

На 16.10.2022 во Public Room со почеток од 11h се оддржи одличен настан посветен на жените во организација на Better Women Better World платформата. Како верни поддржувачи на жените во нашето општество, KARIERA.mk директно се вклучи во поддршка на настанот и информирање на жените за нивните можности за кариерен развој и пребарување на можности за работа во нашето општество. 

Ние, Хероините е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува.

Агендата за настанот се состоеше од три панел дискусии и тоа:

Прва Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација

Говорници: Д-р Татјана Гуржанова, Доц. Д-р Зоја Самандова Петрушева

Модератор: Ксенија Николова

Втора Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените во бизнисот

Говорници: Ангелка Пеева Лауренчиќ, Александра Бела Белчева Атанасовска, Калина Трајаноска

Панел презентација КАРИЕРА.мк Можности за кариерен развој, вработување, пракси и личен развој

Говорник: Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор КАРИЕРА.мк

Модератор: Олга Рајчиќ

Трета Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на самохраните мајки

Говорници: Дороти Пачкова, Искра Гашевска, Бранкица Коцева

Модератор: Розалија Секулоска

Имавме можност да слушнеме корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...