Автентичните приказни се вредни за споделување

од 24HR

Интервју со Маја Анчевска – Цветковска, Експерт за аквизиција на вработени во А1 Македонија

Создавањето на слика за компанијата како посакувано место за работа преку реални искуства на вработените им помага на работодавците да ги освојат срцата на најдобрите таленти на пазарот. А1 Македонија, како една од најиновативните компании во полето на employer branding, во изминатиот период работеше на еден нов проект кој прави еден вид на поврзување помеѓу она што е интересно за професионалците за човечки ресурси и она што е интересно за кандидатите, создавајќи уште една успешна HR иницијатива која придонесува во развојот на менаџментот со човечки ресурси во нашата земја. „А1 HR Блог“ е најновиот производ на креативните умови во одделот за човечки ресурси на А1 Македонија, а повеќе за тоа ќе ни открие Маја Анчевска – Цветковска, Експерт за аквизиција на вработени во А1 Македонија во нејзиното најново интерјву за 24HR.

Што е А1 HR блог?

A1 HR Блог претставува уште еден проактивен канал на комуникација преку кој нашата компанија ги доближува вредностите до читателите преку реални приказни како е да се биде дел од А1 Светот. Со задоволство инвестиравме време и енергија развивајќи го овој проект со цел да бидеме  поблиску до сите оние кои се љубопитни како е да се биде А1 колега од првиот ден на приклучување на големото А1 семејство, а потоа и постојан дел од културата која секојдневно ја живееме и можностите за раст и развој во компанијата.

Како настана целата идеја и која е нејзината крајна мисија?

Една од најголемите вредности на сите нас кои сме дел од овој HR свет е тоа што сме внимателни слушатели, одлични во собирање и интерпретирање на податоци и секогаш во потрага по подобрување на веќепостоечките практики. Креираме канали на комуникација кои ни даваат можност да сме доближени и секогаш достапни за нашите сегашни и идни колеги. Тука се роди идејата за нашиот HR Блог, блог кој ѝ дава карактер на нашата компанија и комуницира со мноштво групи на читатели.

Кои теми досега се опфатени во HR блогот на А1 Македонија?

Споделуваме почетоци на новите колеги, искуства и признанија на поискусните колеги, нови перспективи на А1 како #FutureProof компанија, специјално креирани практикантски програми за млади таленти преку постојана менторска поддршка, континуирано учење и сѐ останато што подразбира квалитетна содржина за читателите.

Колку луѓе и тимови беа инволвирани во процесот на создавање на А1 HR блогот?

A1 HR Блогот е тимски труд. Комуникацијата и креативните графички и текстуални содржини се дело на одделот за човечки ресурси и корпоративни комуникации, а за техничкиот дел се грижат нашите вешти колеги од дигиталниот тим. Инспирацијата за самиот А1 HR Блог се нашите колеги.

За што уште ќе читаме во иднина на А1 HR Блог?

Имаме желба уште повеќе да се задлабочиме во отворената култура која ја негува А1 Македонија во поглед на диверзитет, инклузивност, можности за транспарентен раст и развој, да споделуваме уникатни лични и компаниски приказни и да успееме уште повеќе да го доближиме А1 Светот до сите оние кои чувствуваат потенцијал и желба за создавање своја А1 приказна.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...