Книгата Благодарам која влегува во програмите за work-life баланс и има позитивно влијае врз перформансите на вработените, често може да ја видите во корпоративните новогодишни пакетчиња, слави 5-ти роденден за кој има ПОДАРОК за сите.
Летниот период за повеќето родители на помали деца (дел од вашите вработени) знае да биде полн со предизвици сакајќи да ги држиме подалеку од екраните (од секоја големина). Со овој подарок верувам дека дел од времето може да биде квалитетно поминато со децата во кое ќе може да им се пренесе дел од игри со кои родителите пораснале т.е. во организациски контекст да направиме споделување на знаењето.
ПОДАРОК за вас и вашите вработени независно дали ќе си ја подарите интерактивната книгата #Благодарам се игрите кои што се дел од Кампањата #ЛиченИзбор. Овие игри имаат за цел да помогнат во опремување на новите генерации со клучните вештини потребни за работното место една од нив секако е и тоа позитивниот став со фокус на сѐ она што е добро играта #Благодарам, картите меморија со мотиви од книгата #Благодарам (со можност и сами да си ги изработите со вашите теми за благодарност), Црн Петко во служба на благодарноста т.е. Благодарен Црн Петко, со овие карти може да се игра и играта Магаре модифицирана во насока на негување на ставот благодарам, секако со игрите доаѓаат и насоките за играње на истите (доколку некои од вас ги заборавиле точните насоки, јас секако бев една од нив). Со поклонување на овие игри на вашите вработени ќе им поклоните и квалитетно време поминато со нивните најмили далеку од екраните, креирајќи среќни сеќавања во нивната семејна меморија.
Побарајте ги во порака на Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page Ana Saltirova Davidovski – Blagodaram @licenizbor. Секако во роденденската недела има и други поволности кои можете да ги видите на следниот линк.
Големата идеја зад книгата:
Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.
Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности.
Повеќе за книгата а и слободните материјали од кампањата @ЛиченИзбор можете да најдете на Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page Ana Saltirova Davidovski – Blagodaram.
Книгата има 72 страни, тврда корица, во 2018 беше на листата најпродавани 20 книги преку Купи Книга, а во првата година го доживеа и своето реиздание.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.