From Trainee to Employee-Интервју со Јана Стојановска од Шпаркасе банка АД Скопје

од 24HR

Интервју со Јана Стојановска -Human resources Junior Associate во Sparkasse Bank AD Skopje

Што те натера да се вљубиш во HR како професија?

HR  како професија сама по себе си носи голема одговорност и посветеност, поточно кога станува збор за работење во HR секторот во организација која брои повеќе од 600 вработени.

Мојата приказна во HR секторот започна како студентска пракса. Во студентските денови немав конкретна замисла  за себе си како HR соработник , но кога ми се даде можноста да бидам практикант во HR во Шпаркасе Банка, без размислување одлучив, а предизвикот беше прифатен со голема радост и ентузијазам!

 За да се заљубам во оваа професија не ми беше потребно многу време, динамичната средина и запознавањето на различните карактери на вработените ме направи љубопитна и безрезервно  се впуштив во водите на HR професијата со што ми се појави уште поголема желба за напредок и развој во оваа област.

Најубавите страни на оваа професија за мене лично се можноста несебично  да им помагам на вработените во нивната работна средина и да им ја давам континуирано потребната поддршка и поттик за постигнување на нивните цели,  тоа чувство од ден на ден расте,  ме исполнува и ми носи задоволство. Исто така, работата во областа на HR  ми овозможува да се справувам со различни предизвици и проблеми, што ја прави самата работа интересна, стимулативна и многу динамична. Од друга страна,освен мојата струка како економист ја имам можност да го развивам своето разбирање за психологијата на меѓучовечките односи и самата работа, што ми помага во подобрувањето на работната атмосфера и процесите во компанијата.

Кога подоцна добив понуда за работа сфатив колку сакам да се посветам во подобрување на работењето на Банката а со тоа и себе си како личност па затоа со најголемата насмевка и без двоумење се препуштив на оваа приказна која во мометов гордо ја раскажувам, полна со желба за успех!

Јана, во Шпаркасе банка почна со практикантска работа, но со искуството што го стекна како  практикант успеа да се вработиш во Секторот за човечки ресурси, што е она што те освои да посакаш твојата кариерна патека да ја продолжиш во Шпаркасе банка?

Шпаркасе банка е реномирана банка со одлична репутација и водечка позиција во банкарската индустрија. Работата во HR дирекцијата во нашата банка ми овозможува секојдневно да бидам дел од една динамична и професионална средина со висока компаниска култура, опкружена со врвни  банкарски професионалци, со чија помош и менторство имам можност да напредувам, да растам, да учам и да ги развивам своите вештини, знаења и истите да бидат препознаени и наградени. Шпаркасе банка континуирано го негува, поддржува и наградува развојот на своите вработени. Од  самиот почетокот, го забележав приоритетот на банката за инвестирање во луѓето, нивното образование и обуки, како и поддршката за кариерно напредување, кој креира чувство на сигурност и можност за раст и напредок на мојата кариера во областа на HR и на останатите вработени во нашата Банка. И покрај големиот број на вработени во Шпаркасе Банка постои отворена и висока култура на работа. Тимскиот дух и колегијалноста се присутни, што го зголемува задоволството и мотивацијата на работното место. Соработката помеѓу секторите и нивната посветеност за кариерен напредок, несебичната поддршка од мојата претпоставена и мојот тим, ме мотивираше да работам секој ден со поголемо темпо.

 Клучна карактеристика за Шпаркасе Банка е огромната посветеност кон корпоративна одговорност, вредностите и етичката култура во работата. Оваа ангажираност ми создава задоволство и гордост што сум дел од институција која ги почитува вработените и ги зема предвид потребите на  секој од нас поединечно.

Шпаркасе банка важи за банка која се грижи за своите вработени и за нивната благосостојба, за тоа е задолжен тимот на HR, што би издвоила како твоја карактеристика која е клучна за работа во HR секторот?

Постојано блиските и колегите ми кажуваат дека сум многу комуникативна, енергична и емпатична – што целосно се сложувам со нив, па затоа пред се би ги издвоила овие свои карактеристики како клучни за еден HR соработник.

Прва и клучна карактеристика која со себе си носи огромна одговорност и посветеност е емпатија-способноста да се разберат и почувствуваат потребите на вработените, како и да се создаде здрава врска помеѓу вработените и организацијата. Емпатијата ни помага да ги разбереме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат вработените и да создадеме поддршка и атмосфера за успешно функционирање на работната заедница, што претставува огромен предизвик за организација како Шпаркасе Банка. Оваа карактеристика игра важна улога во управувањето со меѓучовечките односи, мотивацијата и задоволството на работното место.

За мене комуникацијата претставува втор клучен аспект во работата во HR, бидејќи се однесува на ефективно пренесување на информации, идеи и интеракции помеѓу вработените со цел достигнување на задоволитено ниво на благосостојба. Комуникацијата помага во изградба на доверба, подобрување на соработката, разрешување на конфликти и поддршка на ефективна и отворена комуникација во работната средина.

Овие карактеристики сметам дека можат да придонесат до тоа да во организацијата имаме задоволни вработени, добри меѓучовечки односи, што е и наша цел, а со тоа успехот на ниво на Банка ќе биде загарантиран.

Што би им препорачала на оние кои завршуваат со студиите и сакаат да се насочат во HR како нивна идна професија?

Од лично искуство – како прво работно искуство во делот на HR би го препорачала на секој млад димпломиран студент кој сака да се насочи во оваа област. Работата во човечки ресури со себе носи многу придобивки и брз развој, пред се на самата личност во момент кога се наоѓа на раскрсница помеѓу многубројни предизвици. Една од најголемите придобивки е развивањето на комуникацијата, управување со луѓе, професионално надградување и анализа на различни карактери, предводено со многу ситуации кои ќе помогнат во развивањето и напредокот на кариерата и самата личност која го презема овој предизвик.  

Дополнително областа на човечките ресурси дава можност за запознавање со луѓе од различни сектори и несебична изградба на долготрајни врски со професионалци од различни области.

Отткако ќе навлеземе подбалоко во оваа приказна на HR секторот, работата станува љубов, а ние безрезервно ја даваме, задоволни вработени се наша најголема среќа, а успехот на компанијата го делиме сите заедно!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...