Кога вредноста ќе се изгуби!!!

од 24HR

Колумна на Медина Касумовиќ-Human resources Generalist-ESA group

(вистинската приказна зад „промената на кариера или можеби не)

Во почетокот на новиот милениум, едно 22-годишно лице зачекори во приватен здравствен  сектор со полни гради идеали, љубопитност и желба за професионален раст. Влезе со верба дека трудот, културата и грижата за другите ќе бидат препознаени како вредности. Брзо учеше, се вложуваше без резерва, стануваше дел од тимот, ги разбираше потребите и на пациентите и на докторите, реагираше брзо и човечки. Но, наместо признание, наидуваше на ѕидови.

Наместо поддршка, добиваше ознаки.

 Брза кучка слепи кучиња раѓа – етикети со кои се прогласуваат тие што се „премногу активни“ или „премногу корисни“.

 Колеги кои „знаат кому му должат“ напредуваа. А тие кои не припаѓаат, не се ничии, само тивки во својот интегритет – беа незабележани, некогаш дури и потиснати.

 Години подоцна, ова лице си заминува. Не затоа што се откажало. Туку затоа што сфатило: не се работи за тоа дали си добар работник, туку за тоа дали се вклопуваш во матрицата.
Се пренасочува кон нова улога човечките ресурси – свет каде што верува дека ќе може да го пренесе сето научено, но и конечно да го почувствува она што му недостасувало: вреднување и системски интегритет.

Но ова не е приказна само за едно лице!!

Ова е приказна за многумина во нашето општество. И за сите што се уште си заминуваат. Приказна за тоа како станавме држава без мајстори. Без шофери. Без вредни раце кои некогаш ја движеа економијата. Не затоа што исчезнале луѓето. Туку затоа што вредноста на трудот исчезна . Мајсторите не ги викаат ,бидејќи машините се побрзи -но не повнимателни .За шоферот што вози во странство,бидејќи таму барем добива ‘благодарам’ За медицинската сестра што го пресели срцето во Германија,бидејќи овде и го скинаа со молчење.За занаетчијата што нема на кого да го пренесе занаетот -не затоа што младите не сакаат ,туку затоа што општеството им вели дека тоа не вреди!!

 Порано се велеше „дојди дете, да те научам занает“. Денес се вели „бегај од ова, дете, не ти треба“. И тие зборови тежат.

Кога општеството не нуди почит, младите бегаат. Кога културата на трудот се потиснува со трачеви, со поделби, со „чиј си ти“, тогаш интегритетот се заменува со интрига, а вредноста со врска. И така, чекор по чекор, ја губиме есенцијата – чесниот, вреден работник кој не сака ништо друго освен фер можност.

На крајот од денот, ова не е приказна за „кариера“. Ова е приказна за цело едно општество кое треба да се запраша: зошто вредните заминуваат? И дали ќе имаме кој да ни направи куќа, да ни поправи цевка, да не прегледа со срце, да не пренесе со одговорност? Или ќе останеме само со приказните за тоа како некогаш, одамна, имавме луѓе што знаеја што значи вистинска  работа!

За авторот:

Моето име е Медина Касумовиќ,имам завршено факултет по Англиски јазик и книжевност, и средна медицина одсек  сестра /акушерка и по 20 години животно и професионално искуство, се насочувам кон областа на човечки ресурси — поле каде што мојата емпатија, јазични вештини и страст за развој можат навистина да направат разлика.

Зборувам повеќе јазици: македонски,англиски, шпански, турски и други балкански јазици. Брзо учам, но уште побрзо се адаптирам. Се стремам кон кариерен развој во организации кои не вреднуваат само резултати, туку и човечкоста.

Верувам дека културата на работното место е клучна за успех. Сметам дека секој вработен треба да биде вреднуван за тоа што е — а не само заради тоа „кој стои позади него“. Без разлика дали некој има 1 година или 20 години искуство, или дали има 25 или 45 години — шансата треба да му биде дадена.

Сакам да бидам дел од организација што гради, не суди. Што слуша, не премолчува. И што ги гледа луѓето како двигатели, а не како ресурси.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...