Компанија која се грижи за своите вработени ги поттикнува со субвениции за да имаат деца

од 24HR

Одличен начин за да ги поттикнат своите вработени нуди кинеската компанијата Trip.com, една од најголемите светски онлајн туристички агенции, таа брои околу 32.000 вработени.

За да ги поттикнат своите вработените да работат на проширување на семејствата, оваа кинеска компанија воведуваат нови субвенции за детска грижа во вредност од 1 милијарда јуани или 138 милиони американски долари.

Вработените со минимум три години работен стаж на Trip.com ќе добиваат годишен бонус од 1.376 долари за секое новородено дете секоја година од првиот роденден на детето додека детето не наполни пет години.

Преку воведувањето на овој бенефит за грижа за децата, ние имаме за цел да обезбедиме финансиска поддршка што ќе ги охрабри нашите вработени да основаат или растат семејства без да ги загрозат нивните професионални цели и достигнувања, изјави извршниот директор на Trip.com Џејмс Лианг за CNN.

Падот на наталитетот не е единствената грижа на Пекинг. Премалку луѓе стапуваат во брак, што може да го влоши проблемот.

Околу 6,83 милиони парови се венчале во 2022 година, според податоците објавени од кинеското Министерство за цивилни работи претходно овој месец. Ова е пад од околу 10,5 отсто во споредба со 7,63 милиони бракови регистрирани во 2021 година и е најниската бројка забележана откако Министерството почна да објавува податоци во 1986 година.

Креаторите на политиката дополнително ја намалија границата на раѓање во 2021 година, дозволувајќи им на три деца и ги засилија напорите за поттикнување на поголеми семејства, вклучително и преку планот објавен минатата година за зголемување на породилното отсуство и нудење даночни олеснувања и други бенефиции за семејствата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...