The Big Search е меѓународна регрутмент компанија основана во Амстердам, а свое претставништво има и во Скопје. Локалниот тим се состои од 90 вработени, мноштвото се регрутери, кои работат на глобални проекти за едни од најголемите технолошки компании кои ја обликуваат нашата иднина. Повеќе за The Big Search и кариерните можности во компанијата ќе ни открие Лилјана Секуловска, управител на македонското претставништво со кого 24HR разговараше денес.
Лилјана Секуловска е Магистер по правни науки со 15 години работно искуство во неколку домашни и странски компании и својата кариера како HR професионалец ја гради последните 6 години откако се придружува на тимот на The Big Search International. Најнапред како Управител на канцеларијата во Скопје дава свој придонес во отварањето на нивното претставништво, воспоставување на сите регулативи согласно закон и градење на Employer Branding, а потоа се фокусира и кон она што е нејзина најголема пасија а тоа е менаџмент на човечки ресурси и грижа за вработените како највреден капитал на секоја организација. Како Менаџер за човечки ресурси нејзината улога е да биде креативна и да ги претвори потребите на компанијата во стратегија која ги подобрува перформансот, ангажманот и задоволството на вработените во ТБС. Денес во интервју за 24HR таа ќе ни открие што всушност претставува The Big Search, какви методи и техники за регрутација користат и зошто токму оваа компанија е вистинскиот избор за младите и искусни регрутери во Македонија кои сакаат да градат кариера во оваа област.
Што претставува The Big Search?
The Big Search претставува успешно реализирана бизнис идеа која за помалку од 5 години прераснa во интернационален бренд за организациски и регрутмент консултинг кој денес е стратешки партнер на некои од најголемите имиња на технолошката сцена.
Основана во Амстердам од страна на инвеститори со долгогодишно искуство во градење на стартапи и поддржана од млад тим на ентузијасти со постојана желба за усовршување, нашата компанија денеска брои 140 професионалци низ повеќе европски центри кои им помагаат на нашите клиенти да ја креираат својата организациска структура и да ги постигнат своите долгорочни цели, истовремено градејќи професионална и пред сè пријателска мрежа со најголемите инвестициски фондови во Европа.
Имате канцеларии во Амстердам, Лондон, Берлин, Будимпешта и Скопје. Колку вработени имате во Скопје и која е нивната улога во целата приказна на The Big Search?
Нашата канцеларија во Скопје игра круцијална улога во целата приказна од самиот почеток. Овде е вусшност и нашиот најголем тим кој брои околу 90 млади и ентузијастични колеги. Иако сме лоцирани во Скопје, немаме допирни точки со македонскиот пазар, туку секојдневно соработуваме со нашите колеги и клиенти од другите земји.
Со нас почнува и завршува секој нов проект, тука се наоѓа тимот од истражувачи кои со својата маркетинг интелегенција и sourcing техники ги креираат талент листите кои ги презентираме на клиентот. Потоа нашиот тим за талент операции кои секојдневно создаваат креативни кампањи и презентации со кои успеваме да ги заинтригираме и најделикатните таленти.
Исто така, тука се сите наши централни функции кои имаат голем удел во функционирањето и перформансот на компанијата, како одделот за финансии, операции, човечки ресурси и тимот за развој на продукт.
The Big Search е еден вид на хибрид од технолошка и регрутерска компанија. Што е tech, а што регрутација во вашиот модел на работа?
Пред неколку години почнавме со мал тим од неколку девелопери сами да градиме наша CRM платформа бидејќи не успеавме да најдеме доволно добро решение за нашите потреби. Со фидбекот којшто го добивавме од нашите колеги и клиенти, успеавме да лансираме високо софистицирана платформа којашто нашите клиенти ја прифатија со воодушевување и којашто продолжуваат да ја користат и по завршувањето на заедничкиот проект.
Многу сме горди на нашиот тим кој посветено го градеше ова софтверско решение, со што на нашата компанија и овозможи целосна автоматизација и подобрување на квалитетот и брзината на нашите услуги и нè нaправи една од ретките регрутмент компании што работи преку свој сопствен софтвер.
Имате регрутирано за глобални компании од калибарот на Booking.com, Zalando и многу други. Какви профили им се најмногу потребни на овие компании?
Експертизата на ТБС е за регрутирање на C-level позициии, а тоа се најчесто 1% таленти во светот кои со години успешно граделе и воделе тимови во компании како Google, Facebook, Amazon, Salesforce… и кои бараат нов професионален предизвик за да го повторат истиот успех во друга компанија и да го однесат нашиот клиент на посакуваниот левел.
Ова се позициите кои ние најчесто ги работиме:
- COO – Chief Operating officer,
- CTO – Chief Technology officer,
- CMO – Chief Marketing officer, CDO – chief Digital officer,
- Head of People, VP People, Head of Growth, Global Head of People Analytics
- CFO, Head of Finance
- CPO – Chief Product officer
- Chief Customer Officer
Како успеавте да формирате локален тим кој успешно ќе одговори на глобалните предизвици и побарувања кои ги диктираат вашите клиенти?
За да одговориме на предизвиците ние мора континуирано да го следиме и да инвестираме во растот и развојот на секој поединец преку јасно поставени цели и задачи на секои 6 месеци. Генерално успехот се должи на 3 важни чекори:
- Скрининг и регрутација на квалитетен кадар кој има желба да се развива во оваа индустрија. Голема помош беше соработката за практиканство што ја направивме со неколку државни факултети кои ни ги препорачаа своите најдобри студенти, а кои денес се врвни консултанти и работат рамо до рамо со нашите консултанти од Лондон, Берлин и Амстердам.
- Квалитетен и детален онбординг кој трае во првите 3 месеци, каде што секој нов вработен добива ментор, материјали, видеа и обука со вежби за секој дел од процесот на учење.
- Organizational knowledge management – односно редовно споделување на најдобри практики, техники и знаењето со кое располага нашата компанија, преку разни типови на обуки, knowledge sharing sessions итн. Во последните 2 години имавме привилегија да нѝ се придружат колеги од Netflix, Uber, Egon Zehnder, Korn Ferry… кои несебично го делат своето знаење и мудрост со нашите помлади колеги од Скопје на дневно ниво.
Како е да се биде дел од HR тим во компанија која што нуди HR услуги на глобални компании од ваков калибар и во која што работат голем број на професионалци од истата област?
Тоа е голем предизвик за сите нас кои работиме во people тимот бидејќи треба да понудиме ист квалитет на грижа и услуги кон нашите колеги како што тие се грижат за нашите клиенти. Тоа значи да работиме про-активно наместо реактивно, да бидеме и ние иновативни, креативни и брзи во сите програми и процеси кои ги воведуваме на ниво на компанија и да им помогнеме во изострување на нивните функционални и лидерски вештини.
Каков импакт имаше пандемијата на Ковид-19 врз начинот на работа во The Big Search?
Како кај сите компании и кај нас минатата година се почуствуваа тренд на намалување на бројот на проекти поради Ковид-19 бидеќи настапи период кога компаниите почнаа да го намалуваат бројот на вработени, наместо да вработуваат. Нашите клиенти иако не беа директно погодени од пандемијата сепак решија да паузираат или намалат дел од проектите. Ова беше прилика за нас и нашиот менаџмент да размислиме како од оваа ситуација да излезме посилни и да направиме долгорочна стратегија за оддржливост на нашиот бизнис, што нѝ овозможи да го задржиме тимот и да ја завршиме годината профитабилно со многу нови клиенти.
Оваа година имаме обратен тренд од лани, кога секаде се бара регрутер/консултант повеќе бидејќи компаниите се враќаат во форма и треба да надоместат со вработувања за две години. Поради овој тренд, ние првпат годинава се соочивме со недостиг на капацитет за да ги прифатиме сите нови клиенти и покрај тоа што интензивно вработуваме во текот на целата година.
Какви се вашите идни планови?
На ниво на компанија нашите планови се ТБС тимот во наредни неколку години да го зголеми бројот на консултанти и задоволни клиенти низ повеќе градови низ Европа и САД. Од аспект на човечки ресурси нашата мисија и план отсекогаш билa пред сè да бидеме компанија кадешто работат среќни и задоволни вработени и да им обезбедиме средина во која може да растат и да го остварат својот потенцијал.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.