Linkedin, омилената социјална мрежа помеѓу HR професионалците, за време на коронавирус кризата нуди бесплатна онлајн сесија од 16 курсеви кои ќе ви помогнат полесно да се справите со предизвикот наречен “работа од дома”.
Без оглед на тоа колку добро се адаптиравте да работите од дома, дали водите тим или сте дел од поголем тим кој брои повеќе членови, LinkedIn ви нуди бесплатна можност уште подобро да ја отпимизирате вашата домашна канцеларија.
Доколку имате профил на LinkedIn, на платформата за учење LinkedIn Learning ви се достапни 16 онлајн курсеви кои ќе ви помогнат подобро да се справите со вашите секојдневни работни задачи додека работите од дома.
Така на пример, можете да научите повеќе за тоа како да се подготвите подобро за работа до дома, како подобро да управувате со времето, како да изградите продуктивен мајндсет, како да се однесувате за време на видео конференции и како да се справите со стресот кој произлегува од секојдневните работни обврски.
Понатаму, за менаџерите се достапни курсеви за тоа како подобро да управувате од далечина, како да менаџирате виртуелни тимови и како да водите виртуелни состаноци.
На платформата се достапни и неколку практични курсеви за усовршување на најпознатите онлајн алатки кои секојдневно ги користиме, а такви се: Microsoft Teams, Skype, BlueJeans, WebEx и Zoom.
На крајот, откако ќе ја завршите целата сесија ќе добиете дигитален сертификат кој ќе биде видлив на вашиот LinkedIn профил.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.