Македонски Телеком е прогласен за Најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски оператори од страна на „Вработување.ком“, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите , интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“.
Лидерот за Вработени и трансформација Ставрос Георгакопулос ја прими оваа престижна награда на синоќешниот настан организиран од првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.
Чест ми е да ја прифатам оваа награда во име на секој вреден член на тимот посветен да го направи Македонски Телеком најдоброто место за работа. Ова признание ја одразува посветеноста и напорната работа на нашиот неверојатен тим и ја потврдува нашата одлучност да негуваме средина за поддршка во која секој вработен може да напредува. Тоа, исто така, ја нагласува и нашата постојана заложба да бидеме работодавач од избор во телекомуникациите, познат по нашиот пионерски дух и посветеност на иновациите. Благодарам на нашиот неверојатен тим за напорната работа, посветеност и страст. Оваа награда ни припаѓа на сите нас!“ – изјави Ставрос Георгакопулос при врачувањето на наградата.
Титулата „Најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски компании“ во новото дигитално време добива мултиплицирано значење ако се земе предвид силното конкурентско опкружување и природата на самата индустрија. Во такво опкружување, компаниите имаат континуирана потреба од регрутирање нови таленти, за чие привлекување се потребни атрактивни услови за работа и современо работно опкружување во кое напорите на поединецот и тимската соработка и поддршка се препознаени и наградени.
Токму и затоа, Македонски Телеком е посветен на креирањето извонредни услови за работа на проекти кои се дел од светските телеком трендови, нуди флексибилни можности, можности за континуирано учење и развивање вештини од светски платформи, како и мноштво можности за професионален и личен развој. Од друга страна, компанијата е инклузивно место каде во средиштето е поединецот и неговиот тим, како и негувањето пријателска средина и култура на отвореност и соработка која ги надминува националните граници со тоа што е дел од еден извонреден свет на различни можности – светот на Дојче Телеком.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.