Македонски Телеком продолжува да го поставува стандардот кога станува збор за грижа за вработените – и тоа не само со зборови, туку со дела кои се препознаени и наградени од релевантни институции и експерти.
Во само неколку недели, се закитивме со две значајни признанија кои ја потврдуваат нашата лидерска позиција – Прво место за најголема инвестиција во безбедноста и здравјето при работа и титулата Најпосакуван работодавач во телекомуникациската индустрија за 2025 година, според резултатите од национално истражување на Институтот за истражување на пазарот ИПСОС.
Безбедна и здрава работна средина – врвен приоритет
Наградата за безбедност и здравје е доделена од страна на трите најголеми здруженија за заштита при работа во државата, во координација со Инспекторатот за безбедност и здравје при работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади. Таа претставува признание за нашите долгорочни и стратешки напори да создадеме работна средина која не само што ги исполнува законските стандарди, туку оди и чекор понатаму – со редовни превентивни активности, современи услови за работа, ментална поддршка и бројни програми за благосостојба на вработените.

Пазарот ја препозна вредноста на Македонски Телеком како работодавач
Титулата Најпосакуван работодавач во телекомуникацискиот сектор е резултат на независно истражување спроведено на национално ниво од страна на ИПСОС, каде преку репрезентативен примерок на населението се анализираше перцепцијата за атрактивноста на компаниите како работодавачи. Ова признание претставува објективна потврда дека македонски Телеком е препознаен од пошироката јавност како место каде што луѓето би сакале да работат – поради стабилноста, можностите за развој и вредностите кои ги практикува.
„Ова не се само награди. Ова е потврда дека сме на вистинскиот пат – дека создадовме средина каде што луѓето чувствуваат сигурност, почит и можност за напредок. Сето ова е и поттик повеќе да подолжиме да развиваме нови решенија и иницијативни кои веруваме дека ќе имаат уште поголем удел во иднината на нашите вработени“ истакна Ставрос Георгакопулос, Лидер на вработени и трансформација.


Тимот зад успехот
Овие успеси се резултат на тимска работа, посветеност и постојана иновација во начинот на кој компанијата се грижи за своите вработени. Од тимовите задолжени за безбедност при работа, до HR експертите и менаџерите кои секојдневно го живеат принципот „луѓето на прво место“ – сите имаат удел во овие признанија.
Со овие две награди, Макeдонски Телеком уште еднаш потврди дека не е само технолошки лидер, туку и пример за современ, одговорен и посветен работодавач, кој вистински инвестира во своите луѓе.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.