На 20.05.2024 го обележуваме Меѓународниот Ден на Човечките Ресурси, еден од најзначајните денови во нашата професионална област.
Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна организација. Ние сме тие кои го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираме во вработените, креираме и поддржуваме лидери и ги мотивираме вработените да бидат најдобра верзија од себе. Секојдневно се соочуваме со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговориме на потребите на нашата работна организација и нашите вработени.
Овој ден не само што ни овозможува да го одбележиме значењето и влијанието на нашата работа, туку ќе го искористиме и за да одржиме Отворен ден за вработување, на кој ќе ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нуди нашата компанија, како работодавец.
Ве покануваме на 20.05.2024, Понеделник, во период од 10 -15 часот , во просториите на дирекцијата на М Кеш, Македонија, ул. Пајак, бр.9, да не посетите и да се запознете одблиску со нашите компании М Кеш и М Брокер.
Настанот ќе обезбеди можност за интеракција помеѓу заинтересираните кандидатити и претставници од Одделот за човечки ресурси, каде што ќе можете да се информирате за работните можности, условите и отворените работни позиции. Од студенти до искусни професионалци, Ве покануваме сите заедно да ни се придружите!
Во име на сите нас, среќен Меѓународен Ден на Човечките Ресурси!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.