БИДЕТЕ ДЕЛ ОД FIRESTARTER 24 И НАУЧЕТЕ КАКО ДА СОЗДАДЕТЕ ВРВНО ИСКУСТВО ЗА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ И ВРАБОТЕНИ!

од 24HR

Во очекување на втората интернационална конференција FIRESTARTER 24 во организација на Maкедонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени MACEX, која ќе се одржи на 30-ти мај во Хотел Хилтон, Скопје ви ги претставуваме конференциските содржини кои ќе придонесат да ги унапредите вашите бизнис стратегии.

Станува збор за еден од најголемите бизнис настани годинава, каде што ќе се истражуваат најновите трендови, најдобрите практики и иновативни стратегии за да се обезбеди посветена, ефикасна и успешна соработка на одговорните за креирање на искуството на клиентите и искуството на вработените.

Конференцијата ќе собере врвни експерти и лидери од различни индустрии, кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за подобрување на ангажираноста и задоволството на клиентите и вработените. Панел дискусиите замислени како интерактивните сесии ќе понудат уникатна можност за учесниците да научат како да создадат кохезивна организациска култура, која поттикнува иновации и обезбедува извонредни резултати.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА FIRESTARTER „НЕГУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА АНГАЖИРАНОСТ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИ ВРСКИ ПОМЕЃУ КЛИЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ“

Во рамките на претстојната конференција Firestarter, ќе се одржи панел дискусија посветена на поттикнување на култура на ангажираност и градење на значајни врски помеѓу клиентите и вработените. Оваа панел дискусија има за цел да ја истакне важноста на ангажираноста и да понуди практични совети и стратегии за нејзино успешно имплементирање во компаниите.

Модератор на панелот ќе биде Елена Панова, директор за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија и основач на MACEX. Панелисти ќе бидат истакнати професионалци од различни индустрии:

  • Марија Дуковска Павловска, генерален менаџер на Макстил,
  • Александар Манев, извршен директор на Кроација осигурување,
  • Дојранка Анастасовска Цветковска, директор за човечки ресурси во Реплеки Арион Ризај, основач и извршен директор на HumanPower и KosovaJob.
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...