Најдобрата кариера за интроверт е онаа која обезбедува средина која бара ниско ниво на интеракција со другите луѓе, без разлика дали се работи за соработници или клиенти. Исто така работата која не бара многу интеракција со запознавање на нови луѓе и врежување со нив, може да биде погодна за ваков профил .
Ако сте интровертна личност, постојат многу работни места кои би можеле да ви одговараат, што ќе ви овозможат да работите сами – или барем не во средини кои бараат постојана социјална интеракција. Најдобрите работни места за интровертите обезбедуваат тивки простори и независност.
Еве неколку од многуте работни места во кои интровертните луѓе одлично ќе се адаптираат:
- Сметководител
- Актуар
- Social Media Manager
- Software developer
- Web developer
Сметководител
Сметководителите им помагаат на поединците и компаниите да бидат сигурни дека нивните финансиски извештаи се точни и во согласност со државните регулативи. Сметководителите мора да работат во тивки простории каде што нема да имаат контакт со многу странки.Бидејќи сметкводителите се затрупани со безброј документи со бројки секоја комуникација со клиенти, странки додека работат на завршни сметки,ддв даночни пријави…. е непотребна.Темелното работење со секоја бројка бара профил кои нема да сака интеракција.
Актуар
Актуарите го анализираат ризикот за осигурителните компании и другите финансиски институции. Користејќи специјализирани софтверски програми, актуарите ја одредуваат веројатноста за различни исходи за потенцијалните клиенти и инвестиции. Тие исто како сметководителите не работат со странки,тивка просторија каде ќе можат да го измерат ризикот би било идеално.
Social Media Manager
Social Media Manager го одржуваат брендот на компанијата. Тие создаваат онлајн содржина, одговараат на онлајн коментари и одговараат на онлајн прашања. Па дури и тоа што Social Media Manager треба да бидат во постојана комуникација со работодецот и нековите колеги, тие немаат контакт со клиенти и нивни барања.
Software developer
Software developer е работна позиција која е погодна за интроверт профили. Програмерите на софтвер градат софтвер, со пишување код, кој работи на различни типови уреди.Тоа бара исклучителна концентрација,трпение ,работна простоија која е изолирана од колеги.
Web developer
Веб-програмерите дизајнираат и креираат веб-страници. Ова вклучува – како изгледа страницата, перформансите на веб-локацијата, брзината на страницата… Web developer можат да работат од дома и поединечно, но исто како и погореспоменатите позиции да бидат во просторија без многу интеракција.
Би ги напоменале и занаетчиите или оние кои работат рачни изработни,во модерното време се поразвиено.Тука можат да се пронајдат интровертните бидејќи исто така самата работа бара мирно место и многу концентрација,за нивната креативност да дојде до израз со краен производ.
Важно е да пронајдат кариера која ќе ги исполнува нивните силни страни, а притоа им дава секојдневни можности да ги надополнат своите енергетски резерви
Сепак, не треба да бидете екстровертни за да бидете успешни. Точно дека можете да помогне со вмрежување и презентации, но ако сте паметни и можете да ја пренесете вашата поента кога е потрбно,тогаш ништо не е поважно од тоа.
Доколку се пронајдете во некоја од работните позиции а се сметате за екстровертна личност ,ова се само статистики и видувања од HR професионалци.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.