петок, јануари 16, 2026
Почетна НовостиНова ера во вработувањето: MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

Нова ера во вработувањето: MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

by cedo

Пазарот на труд денес е полн со понуди за работа и луѓе кои бараат работа, а сепак, и компаниите и кандидатите сè почесто остануваат фрустрирани. Едните не можат да ги пронајдат вистинските луѓе, а другите тешко доаѓаат до вистинските можности.

MKJOB (www.mkjob.com) се појавува токму во овој јаз меѓу понудата и побарувачката – не како уште едно место за објавување огласи, туку како платформа што го редефинира начинот на кој компаниите и кандидатите се поврзуваат.

Наместо класичниот пристап „објавување оглас – чекање апликации“, MKJOB воведува пристап базиран на вештачка интелигенција кој овозможува подлабока интеракција и попрецизно совпаѓање меѓу кандидатите и компаниите. Фокусот не е само на бројот на апликации, туку на нивната релевантност.

Персонализирано искуство и поголема видливост за кандидатите

За кандидатите, тоа значи можност да креираат MKJOB профил што јасно ги прикажува нивните вештини, искуство и кариерни цели – и врз база на тоа да добиваат препорачани огласи кои одговараат на нивните преференции.  Понатаму, тие можат да одлучат дали сакаат тој профил да биде видлив за компаниите што активно бараат вработени. Кога компанија ќе објави оглас за кандидат со одредени вештини или искуство, системот може да ги истакне токму оние профили што најмногу одговараат, овозможувајќи кандидатите да бидат забележани дури и ако не аплицирале на огласот.

Целосна контрола со побрзи и подобри одлуки за компаниите

За компаниите, MKJOB значи поефикасен пристап до талентите. Платформата има напреден систем за организирање на целиот процес на вработување кој овозможува јасен преглед на кандидати што навистина одговараат на барањата на позицијата, со увид во нивните клучни вештини, искуство и степен на усогласеност со конкретниот оглас. Тоа им помага на работодавачите побрзо и посигурно да ги идентификуваат вистинските кандидати.

Дополнително, MKJOB овозможува директна комуникација меѓу кандидатите и компаниите преку вграден чет. Наместо да чекаат е-маил или повици, двете страни можат да заштедат време и веднаш да воспостават контакт, да разјаснат детали за позицијата или да разменат некој документ што е важен за понатамошната фаза на вработување.

MKJOB доаѓа со мобилна апликација

За подобро корисничко искуство, платформата е достапна и како мобилна апликација на Google Play и App Store,овозможувајќи им на кандидатите да бидат постојано поврзани со можностите за работа – без разлика каде се наоѓаат.

MKJOB е веќе активен и отворен за кандидати и компании коишто сакаат да го користат новиот, попаметен начин на поврзување на можностите и талентите.

Related Posts

Leave a Comment