Oд отворањето на Центарот за обуки на Шпаркасе Банката се реализирани 7500 часа во обуки и работилници со вработените.

од 24HR

Континуираната едукација и развојот се темел на пристапот кон работата во Шпаркасе Банка, тоа го потврдува и фактот дека од отворањето на Центарот за обуки на Банката се реализирани 7500 часа во обуки и работилници со вработените.

Центарот за обука е повеќенаменски простор опремен со современа технологија и услови за спроведување на сите видови обуки, со адаптиран простор за симулирана експозитура, што служи за обука за работно воведување на нововработените без банкарско искуство, со цел нивно ефективно оспособување за самостојна работа. Во рамките на платформата #кариерабезбариера, Шпаркасе Банка организира „Retail Certification” за вработени, како и Шпаркасе Академија – „Млад банкар” која ќе се одржува во самиот Центар за обуки, а пријавувањето за истата е веќе во тек.

Центарот за обука е организиран и како Well-being просторија за coaching, релаксација и можност за друштвени игри за развивање на тимскиот дух кај нашите вработени.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...