Оснажувањето започнува во тебе

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со себеЗатоа, мојата намера овде е да споделувам со вас работи, што се надевам дека ќе ви бидат корисни и ќе ве водат на вашето патување кон креирање на љубовен однос со себе и со другите, со цел да изградите живот што го посакувате.

Првата половина на септември веќе одмина, а и жештините исто така… Мислам дека не сум единствената што се чувствува помалку тажна што летото скоро завршува.

Ајде да започнеме

Постои една стара африканска басна која раскажува за голем пожар во шумата. Пожарот бил жесток и брзо се ширел, проголтувајќи сè што му се наоѓало на патот. Пламените јазици биле високи, чадот густ, а сите животни од шумата бегале преплашени, собирајќи се на работ на реката и гледајќи беспомошно како нивниот дом гори.

Додека животните го гледале огнот, чувствувајќи се мали и немоќни, забележле една мала колибри птичка како се движи напред-назад меѓу реката и пожарот. Колибрито брзо прелетувало до реката, собирало неколку капки вода во клунот, а потоа забрзано се враќало кон огнот, испуштајќи ја водата на пламенот. Одново и одново, малата птица го повторувала ова – носејќи само неколку капки секој пат.

Останатите животни гледале со неверување. „Што правиш? го прашале колибрито. „Ти си премногу мало, а огнот е преголем! Твоите ситни капки вода нема да направат никаква разлика!“

Колибрито застанало за момент, а потоа погледнало назад кон другите животни со одлучност и рекло: „Го правам она што можам со она што го имам“.

Кога луѓето доаѓаат кај мене на обука или коучинг, многу често разговорите започнуваат со: тој, таа или тие… Со други зборови, значајните или безначајните „други“ го заземаат главниот фокус на разговорот. Бидејќи мојата задача како агент за промени е да го вратам вниманието на личноста што е пред мене, многу од нив на почетокот се чувствуваат иритирани од моите прашања: Како тоа направи ТИ да се чувствуваш?“, „Што ТИ даде тебе?“, „Кој беше ТИ во тој момент?“, „Каде во ТВОЕТО тело го чувствуваш тоа?“, „Каков беше ТВОЈОТ одговор?“, „Што доби ТИ од тоа?“…

Затоа

Лична одговорност – темел на личниот развој!

Одговорноста често ја гледаме како товар, тежина што мораме да ја носиме. Сепак, одговорноста е повеќе од должност – таа е пат до личен раст, внатрешно исполнување и градење на значајни односи. Преземањето одговорност за себе е еден од најмоќните и најтрансформативните чекори што некој може да ги преземе. Потребно е да ги поседувате не само вашите надворешни постапки, туку и вашите внатрешни состојби – мисли, емоции и верувања – и да препознаете дека последиците во вашиот живот често се резултат на вашите одлуки и однесувања. Преземање одговорност значи менување на мајндсетот или начинот на размислување од позиција вина или жртва, кон позиција на контрола, што овозможува раст, трансформација и успех.

Кога ќе почнете да преземате одговорност за сопственото јас, вашите внатрешни состојби, однесувања и вашиот живот – почнувате да живеете со причина. Ова е моментот кога ќе откриете колку сте навистина моќни!

Психолозите и мисловните водачи низ историјата ја нагласуваат важноста на одговорноста за лична благосостојба и успех. Како што вели еден од моделите на НЛП, семејниот терапевт Вирџинија Сатир,: „Животот не е онаков каков што треба да биде. Тој е онаков каков што е.“ Надворешните околности секогаш ќе постојат за да ве истуркаат надвор од вашата комфорна зона. Важно е да прифатите дека тие се надвор од вашата контрола. Она што е во ваша контрола и каде треба да биде вашиот фокус е: вашиот одговор на надворешните околности, – ова е целосно до вас!

Неодамна, во еден разговор со личност која доживеала сериозни здравствени потешкотии во животот слушнав: „Знаеш што е најдобро сега, никогаш повеќе немам лош ден“.

„И јас“, реков и љубопитно прашав: „Како го правиш тоа?

Играјќи си со мојата перцепција. Свесен сум како моите внатрешни состојби ја обликуваат мојата реалност, а со тоа го препознавам нивното влијание врз мојот секојдневен живот.“

Токму така, нашата внатрешна состојба е сè, и јас постојано им помагам на моите клиенти да научат како да бидат сопственици на својата состојба. Нашиот светоглед и начинот на кој ги толкуваме настаните околу нас се обликувани од нашиот внатрешен пејзаж. Кога ќе го прифатиме ова можеме да се префрлиме од мајндсет на обвинување на надворешните околности кон мајндсет на сопствеништво над личната судбина.

За жал, тешкотиите се најдобри учители во животот!

Милтон Ериксон, таткото на хипнозата и уште еден генијалец чив модел на комуникација го предавам на обуката НЛП Практичар верувал дека:

Ова ја нагласува идејата дека честопати ги создаваме и одржуваме нашите потешкотии со тоа што се држиме до застарени стратегии и верувања за справување, кои водат до несакани однесувања. Несвесните стари обрасци управуваат со нашите животи. Она што сме го научиле не е толку лесно да се одучи. Но, постојат начини – и еден начин е да преземеме одговорност за нашите избори и да одбереме нови, поконструктивни решенија. НЛП им помага на илјадници луѓе лесно да ги надградат своите стари модели.

Затоа, повик за вашето внимание:  

Ако сакаш да бидеш од оние луѓе кои знаат како да работат со своите внатрешни состојби и да станеш сопственик на своето Јас, тогаш мојата ексклузивна обука за НЛП Практичар во Скопје (4-6 октомври) и Виена (25-27 октомври) е за тебе. Можеш да се регистрираш со пополнување на формуларот или да ми испратиш порака на некоја од социјалните медиуми. Ќе ми биде драго да те запознаам и да видиме дали сме соодветни за да работиме заедно – можам јас да кажам не, а можеш и ти да кажеш не. Имаме избор!

Да продолжиме,

Алатки за преземање одговорност

1. Самосвест и рефлексија

Првиот чекор кон преземање одговорност е самосвеста – да бидете свесни за вашите мисли, чувства, приказната што си ја кажувате во вашата глава, вашето однесување и вашите состојби. Редовната рефлексија за себе ви помага да ги идентификувате областите каде што можеби ги обвинувате другите или надворешните фактори за вашите проблеми. Пишувањето дневник е моќна алатка, која ќе ви помогне да ги следите вашите одлуки, постапки и резултатите во вашиот живот.

Совет: Започнете да водите дневник каде што ќе пишувате за вашите одлуки и нивните последици. Запрашајте се: „Што направив денес што придонесе за овој исход?“ Ова гради одговорност и ќе ви даде јаснотија во животот.

2. НЛП алатки: Пре-рамување (Reframing) и Усидрување (Anchoring)

НЛП обезбедува моќни техники за пре-рамување на вашите искуства и преземање контрола врз вашите внатрешни состојби. Со менување на рамката на нешто во вашата перцепција, го менувате значењето. Погледнете го моето видео за пре-рамување на англиски јазик 👇

Друга таква алатка е усидрување, каде што свесно ги поврзувате корисните внатрешни состојби со специфичен тригер – како на пример допир, збор или гестикулација – за да добиете лесен пристап во предизвикувачки ситуации кога овие состојби ви се потребни.

Совет: пуштете ја омилената песна кога се чувствувате „очајно“ и забележете што се случува со вас внатрешно. * Доколку сакате да научите повеќе алатки, придружете ми се на претстојните обуки.

3. Влијание врз јазикот

Обрнете внимание на јазикот што го користите кога зборувате за вашиот живот. Луѓето кои избегнуваат одговорност често користат виктимизирачки јазик како „морам“, „не можам“ или „тие ме натераа“. Спротивно на тоа, одговорните поединци кажуваат работи како „избирам“, „ќе направам“ или „преферирам да не направам“. Бидете свесни дека вашата комуникација ја обликува вашата реалност и со менување на зборовите кои ги користите, можете да почнете да го менувате вашиот начин на размислување.

Совет: Секогаш кога ќе се фатите себеси како велите: „морам“, заменете го со „избирам“. Ова ве потсетува дека речиси сè во животот е избор и го зајакнува вашето чувство за одговорност. НЛП може да ви помогне да станете свесни за јазикот што го користите и како понекогаш се самохипнотизирате.

4. Внимание и емоционална регулација

Одговорноста не се однесува само на надворешните активности и однесувањето, туку и на тоа како се справувате со вашите емоционални и ментални состојби. Емоционалната регулација е клучна за управување со реакциите, наместо да ги обвинувате другите за тоа како се чувствувате. Практиките за зголемување на свесност, како медитацијата, може да ви помогнат да станете посвесни за себе, своите внатрешни процеси, и да ја преземете контролата над вашите емоции, наместо да бидете преплавени од нив.

Совет: Застанете и направете пауза! Направете неколку длабоки вдишувања и намерно направете издишувањето да трае подолго. Ова ќе го смири вашиот нервен систем и ќе ви помогне да се оддалечите од ситуацијата, и на тој начин ќе ви помогне да се саморегулирате и да ги подобрите вашите способности за носење одлуки.

Пред да завршиме,

Последиците од одговорноста

Да, потребна е работа, посветеност, упорност и инвестиции. Но, кога ќе преземате одговорност за вашиот живот, последиците се видливи:

  • Внатрешно зајакнување: Сфаќате дека имате контрола врз вашиот живот, а тоа ви дава самодоверба да направите позитивни промени.
  • Слобода од позицијата на жртва: Обвинувањето на другите за вашата ситуација ве држи заробени. Преземањето одговорност ве ослободува од ограничувањата на жртвата.
  • Раст и учење: Кога гледате на вашите грешки како можности за учење, вие растете. Престанувате да се плашите од неуспех затоа што разбирате дека тоа е дел од процесот.

Можеби нема да биде лесно, но е едноставно:

„Или се правиме мизерни или се правиме силни. Обемот на работа е ист“ – Карлос Кастанеда

За крај,

Мојата порака за месец август е:

Преземете одговорност за себе и бидете сведок на трансформацијата внатрешно и надворешно околу вас.

Предлог за понатамошно читање:

How do I guard my state of being? – статија за менаџмент на внатрешната состојба.

Извори за инспирација и информација:

Моментално гледам:

  • Kinds of Kindness, новиот филм на Yorgos Lanthimos
  • The Bear – ТВ серија во која, покрај другото, се прикажува токсичноста на угостителската индустрија и како тоа влијае врз менталната состојба на вработените

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: Empowerment Begins with You | LinkedIn

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...