ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА FIRESTARTER:ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРАТЕГИИТЕ И ПРИСТАПИТЕ ЗА ИСКУСТВОТО НА КЛИЕНТИ И ВРАБОТЕНИ

од 24HR

Во рамките на претстојната меѓународна конференција Firestarter24 за искуство на клиенти и вработени која ќе се одржи на 30 мај во хотел Хилтон, Скопје во организација на МАСЕХ, покрај панел дискусијата „Негување на култура на ангажираност: поттикнување на значајни врски помеѓу клиентите и вработените“ за која веќе пишувавме, ќе се одржи уште една панел дискусија осветена на подигнување на стратегиите и пристапите за искуството на клиентите и вработените. Оваа панел дискусија има за цел да ја истакне важноста на ангажираноста и да понуди практични совети и стратегии за нејзино успешно имплементирање во компаниите.

Модераторка на панелот ќе биде Христина Велковска, основач на ВИТА ИНСТИТУТ и претседателка на МАСЕХ. Панелисти ќе бидат истакнати професионалци од различни индустрии:

  • Биљана Мишиќ, извршен директор на Иуте Македонија,
  • Ардиан Бехлули, координатор за корпоративно управување на Малиќи Груп и генерален менаџер на Ентернет,
  • д-р Лулзим Адили, менаџер на Ново Нордиск Косово, фасилитатор, коуч и консултант за лидерство и
  • Кети Ангелковска, комерцијален директор на Кола.

Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да бидете дел од FIRESTARTER 24 и да ги збогатите вашите знаења и вештини за подобрување на стратегиите и пристапите за подобро искуство на клиентите и вработените.

Во меѓувреме, заследете ги социјалните мрежи на MACEX на Фејсбук, Линкедин и Инстаграм и на објавите за Giveaway следете ги правилата и обезбедете си бесплатен билет за конференцијата Firestarter!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...