Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

од 24HR

Две златни, две сребрени и еден бронзено одличје освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на меѓународниот карате турнир „Кроација опен“ што викендов се одржа во Самобор, Хрватска. На силното интернационално натпреварување учествуваа 1.800 каратисти од 25 држави, односно 292 клуба.
 
– На турнирот настапивме со 10 каратисти. Ова натпреварување е главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување е секогаш непосредно пред официјалното европско првенство за овие возрасни категории. Најголем број национални репрезентации последните свои проверки ги прават токму на овој натпревар. Планот за учество на нашиот младински тим беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на европското првенство што од трети до петти февруари ќе се одржи во Ларнака, Кипар – изјави Петар Заборски, тренерот на „Макпетрол“

Aктуелните светски вицешампиони Витомир Трајковски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), се пласираа во финалето во своите категории. Трајковски со пет последователни победи освои злато, а Стојановиќ се закити со сребро. Во истата возрасна категорија, постари јуниори, Викторија Јовановска (-61 кг.) освои бронзен медал.

Кај помладите возрасни категории, јуниорката Јована Мицовска (-59 кг.) преку одлични борби стигна до злато, додека Димитар Лозановски загуби во финалето и освои сребро.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...