Поглед кон човечките ресурси во 2022: 4 начини на кои работното место ќе се трансформира

од 24HR

Вработените ќе продолжат да им даваат приоритет на своите вештини и да бараат нови можности за примена на своите уникатни компетенции.

Трансформацијата на глобалната работна сила е актуелна тема во последниве неколку години, а тоа не претставува никакво изненадување. Предводени од континуираното влијание на пандемијата и оптоварувањата врз бизнисите во услови на рекорден недостиг на работна сила, како и промената на приоритетите на работниците, овие ефекти се почувствуваа насекаде во светот.

Една неодамнешна студија на  Институтот за истражувања „АДП“ откри дека дури 64% од глобалната работна сила била негативно погодена од Ковид-19, вклучително и 28% кои ја загубиле работата, биле отпуштени или биле привремено отпуштени и 23% кои претрпеле намалување на платата.

Овие промени на пазарот на трудот ги натераа врабтените да ги ревидираат приоритетите на нивните потреби и дополнително да размислат за начинот и местото каде се извршува работата. Како резултат на тоа, работодавците се соочуваат со дополнителен притисок да се прилагодат на новите барања на талентите.

Во тој правец, студијата на „АДП“ покажа четири клучни трендови кои ќе ја поттикнат трансформацијата на работното место во 2022 година.

Фокус на ангажираноста и перформансите на вработените

Со оглед на тоа што работодавачите имаа можност лично да ги тестираат далечинските и хибридниоте модели на работа, нормално е да се очекува дека тие ќе бараат нови можности за зголемување на видливоста на вработените и подобро разбирање на потребите на дисперзираната работна сила. Според „АДП“, во рок од една година, Ковид-19 значително влијаеше на локацијата на вработените бидејќи дури 75% од глобалната работна сила го променила или планира да го промени местото на живеење сега кога може да се работи од каде било, a oвој процент е уште поголем кај генерацијата Z (85%).

За да се поттикне поврзаноста дури и во отсуство на физичка близина, податоците за однесувањето на работната сила ќе дадат увид во одливите и тековите на ангажираноста и перформансите, помагајќи им на менаџерите да ги повлечат вистинските лостови за поддршка на далечинскиот или хибридниот тим за да се достигнат највисоки перформанси.

Ваквата нова динамика изградена на взаемна доверба ќе овозможи поттикнување на повисок ангажман и перформанси на вработените. Студијата, исто така, покажа дека вработените во САД кои имаат доверба во своите тимови и менаџери имаат седум пати поголема веројатност да се чувствуваат „силно поврзани“ со нивната организација.

Луѓето и целите ќе ја градат културата на работното место

Додека компаниите бараат начин да поттикнат инклузивност во услови на нови модели на работа, поврзаноста ќе послужи како индикатор за следење на културата на работното место. Институтот „АДП“ откри дека вработените кои се чувствуваат „силно поврзани“ со својот работодавач имаат 75 пати поголеми шанси да бидат целосно ангажирани од оние кои го немаат развиено тоа чувство.

Како што ангажманост на работната сила ќе добива на значење, работодавците ќе треба сè повеќе и повеќе да се фокусираат на своите луѓе и да размислуваат за повисоката цел што ја обединува нивната работна сила.

Од друга страна, флексибилноста на работната сила ќе се протега надвор од перцепираните граници и работодавците ќе бидат отворени кон иницијативи насочени кон луѓето, сè со цел да изградат работно место каде што секој може да напредува.

Бројките и експертизата ќе ја поттикнат еластичноста

Станува збор за уште една промена поттикната од далечинскиот и хибридниот модел на работа, а која го засега начинот на кој компаниите се справуваат со законската регулатива. Всушност, анкетата на „АДП“ во соработка со HR Outsourcing откри дека речиси 20% од американските компании со 25-99 вработени моментално се соочуваат со предизвици во врска со усогласеност и регулаторни прашања, а тој број се очекува да расте како што се менуваат законите.

За да се прилагодат, лидерите уште повеќе ќе се потпираат на податоци во реално време за проактивно да се справат со усогласеноста и да го менаџираат процесот на донесување одлуки. Квалитетните податоци ќе бидат клучни за да им се обезбеди довербата на бизнисите која е неопходна за да дејствуваат.

Иновациите ќе го забрзаат растот

Како што бизнис моделите се развиваат во услови на глобални промени, така бизнисите ќе се свртат кон новите технологии за да ја поттикнат ефикасноста и да се рефокусираат кон иницијативите за стратешки раст. Овој процес на „дигитализација“ не само што ќе им биде од корист на работодавците, туку и на самите вработени, бидејќи тие бараат поголема флексибилност и контрола.

Со новите професии кои се развиваат, ќе дојде и до пораст на вработувањето базирано на вештини и дополнително поттикнување на иновациите. Така, околу 28% од вработените изјавиле дека презеле нова позиција или претрпеле промена на својата тековна позиција поради пандемските промени на пазарот на трудот, при што овој процент е повисок кај генерацијата Z (36%).

Во идниот период, работодавците ќе треба да се фокусираат на индивидуалните јаки страни на вработените за да обезбедат натамошни можности за развој на нови вештини и кариерен напредок. Дополнително, компаниите сè повеќе ќе се потпираат на напредни технологии, како на пример машинско учење, за да ги идентификуваат вработените со вистинските вештини и истите да ги насочат на преферираните работни места.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...