Дали имаш идеи кои ќе го обликуваат идниот банкарски свет?
Дали сакаш да ги користиш своите вештини во вештачка интелигенција и да ги примениш за создавање на иновации во банкарството?
Придружи се на NextBank – двoдневен хакатон на кој ти ќе бидеш двигател на иднината во банкарството!
Можност за студентите на Економски факултет – Скопје и студентите од останатите факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје“ да се приклучат на NextBank Хакатон и да бидат дел од иднината на банкарството, користејќи ja вештачката интелигенција!
NextBank: BankAI – Student-driven AI Innovation in Banking
Датум: 16.06 – 20.06.2025
Локација: Економски факултет Скопје
Зошто да учествуваш?
• Развивање иновации за банкарскиот сектор користејќи AI.
• Работа во тимови со студенти од различни факултети, размена на идеи и креативни решенија.
• Трансформација на различни аспекти на банкарското работење: од подобрување на корисничкото искуство, пакет за млади до детектирање на измами и одржливи вложувања.
• Менторска поддршка од експерти во финансискиот и академскиот сектор.
Како ќе изгледа процесот?
• Ден 1: Воведни предавања и презентација на предизвиците, формирање на тимови и brainstorming сесии со ментори.
• Ден 2: Развивање на идеи, подготовка на финални презентации и нивно претставување пред комисија составена од банкарски експерти.
Награди
Натпреварувај се за:
- 1.000 евра за тимот кој ќе освои прво место
- 750 евра за тимот кој ќе освои второ место
- 500 евра за тимот кој ќе освои трето место
- Пристап за наградените до Udemy learning платформата до крајот на 2025 година
- Учество на развојни обуки и тренинзи во организација на Банката
- Можност за продолжување на соработката преку учество во други или
слични проекти во банката, практична работа или кариерен почеток.
Како да учествуваш?
- Пријави се како поединец (ќе бидете распределени во тим) или во тим од 3 до 5 студенти (студенти од различни факултети и дисциплини се охрабрени да се пријават).
- Пријави се или пријави тим на nlbhackathon@nlb.mk најдоцна до 05.06.2025 година со достава на кратка предлог идеја за иновација во банкарството.
- Размисли за иновативни AI решенија кои ќе ја трансформираат банкарската индустрија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.