Денес, во просториите на Бизнис Академија Смилевски беше потпишан пријателски меморандум за соработка меѓу KARIERA.mk и БАС со цел доближување на можностите за обуки, пракси и вработувања на студентите од оваа образовна институција.
Во наредниот период, најавени се одлични активности за запознавање на студентите со можностите кои ги нуди KARIERA.mk со цел полесно интегрирање на студентстската маса на пазарот на труд.
Oд октомври, кога очекуваме повторно враќање на студентите во клупите со физичко присуство, најавени се и обуки за правилно пишување на CV и мотивациско писмо како и запознавање на студентите со МојаКАРИЕРА картичката која нуди одлични шанси за вработување кај младите.
Ваквите соработки, се од исклучително значење за нашиот сервис бидејќи на нашите компании клиенти им се потребни млади професионалци кои се спремни да зачекорат во светот на бизнисот веднаш по завршувањето на своите студии, или уште подобро за време на нивните студии во форма на практична работа при која ќе се стекнат со вештини кои ќе им бидат од големо значење во целиот процес на вработување – Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk
Меморандумот за соработка беше официјално потпишан од страна на Проф. Д-р Маја Кузмановска, директор на Бизнис Академија Смилевски и Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.