Сашо Бошевски– Senior Talent Acquisition Consultant во ManpowerGroup North Macedonia
Прифаќањето на секоја промена која се појавува во вашата кариера е особено важен и добар кариерен совет поради неколку причини:
-Постојано учење и растење: Промените ги поттикнуваат луѓето да учат и да се развиваат. Способноста да се прифатат нови и неизвесни ситуации може да ве мотивира на постојано учење и развивање нови вештини, што го подобрува вашиот кариерен напредок.
-Способност за адаптација: Луѓето кои се отворени кон промените имаат поголема способност за адаптација. Тие се способни да се справуваат со неочекувани предизвици и постојано да наоѓаат креативни и иновативни решенија.
-Способност за тимска работа: Прифаќањето на промените често бара тимска работа. Ова може да ве натера да работите заедно со колеги и тимови за успешно да се справите со новите предизвици.
-Развој на лични карактеристики: Ако се прилагодите на промените, значи дека поседувате отвореност кон идеи, флексибилност, па дури и потенцијал за лидерство. Овие карактеристики се важни во вашата кариера независно од индустријата.
-Наоѓање нови начини за решавање стари проблеми: Прифаќањето на промени може да го стимулира креативното размислување и иновациите. Луѓето кои се отворени кон промени често наоѓаат нови начини за решавање стари проблеми.
-Креирање на конкурентна предност: Справувањето со неизвесност и успешното прилагодување на новите ситуации може да го зголеми вашето чувство на компетентност и самодоверба.
Не плашете се од промените, бидејќи тие најмногу може да го поттикнат вашиот раст, развој и успешно прилагодување во динамичниот работен свет.
За авторот:
Сашо Бошевски:Senior Talent Acquisition Consultant во ManpowerGroup North Macedonia
Ориентираноста кон луѓето е клучна карактеристика на Сашо која ја насочи неговата кариера во областа на човечките ресурси.
Имено, Сашо своето искуство во областа на човечки ресурси го започнува работејќи во локална компанија во Македонија, каде е одговорен за се што е поврзано со вработените. Потоа, својата кариера ја продолжи во глобална компанија за регрутација со седиште во Сингапур, каде што работеше најпрво поддршка при регрутација, за да подоцна биде унапреден во регрутирање на професионалци во start up компании во повеќе држави низ Европа.
Во моментов, тој работи во ManpowerGroup Македонија на позицијата Senor Talent Acquisition Consultant. “Да се работи под името МanpowerGroup и тоа не само на одржување и унапредување на процесите со постоечките клиенти, туку и проширување и позиционирање на компанијата на македонскиот пазар е голем предизвик, но истовремено и голема одговорност” – вели Сашо. Една од многуте услуги кои ManpowerGroup ги нуди е International Mobility, за која дадовме подетално објаснување во почеткот на нашиот текст.
Долгогодишното искуство и работата во повеќе индустрии, го прават професионалец во повеќе области на стекнување на таленти и тоа, рударство и метали, производство, Human resources, IT позиции, од почетни, па се до високи раководни позиции.
Сашо е специjализиран во областа на стекнување таленти, континуирано подобрување и основи на ESG. Неговите вештини се во областа на регрутирање и одржување на различни глобални бази на податоци како Invenias, Bullhorn, VEN X, Navis.
Омилена изрека која го води низ животот му е: “For pleasure has no relish unless we share it.” – Virginia Wolf.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.