Во Халк Осигурување, фидбекот не е само дел од административна процедура – туку основа на организациската култура и стратешкиот пристап кон развојот на човечкиот капитал. Компанијата доследно ја демонстрира својата посветеност кон личниот и професионалниот развој на вработените преку транспарентни и систематски процеси на евалуација, јасни кариерни патеки и редовни унапредувања.
Системот за фидбек во Халк Осигурување се темели на три столба:
- Секојдневна отворена комуникација: Менаџерите и тимовите редовно дискутираат за тековните предизвици, достигнувања и можности за унапредување, што овозможува навремено адаптирање и постојано учење.
- Годишна формална евалуација: Секоја година, секој вработен добива индивидуален фидбек со јасно дефинирани критериуми за напредок, како и насоки за понатамошен развој.
- Унапредувања како резултат на перформанс: Напредувањето не е случајно, туку резултат на постојано вложување, нови вештини и активен придонес во остварувањето на тимските и организациските цели.
Унапредувањето на вработените во Халк Осигурување претставува редовна годишна практика што се спроведува согласно резултатите од спроведените евалуации. Врз основа на постигнатите резултати, демонстрираните вештини и придонесот кон тимските цели, компанијата континуирано идентификува и наградува талентирани вработени. Уште во првото тромесечје од 2025 година, 10 вработени беа унапредени или презедоа нови раководни функции, што претставува конкретен резултат на доследната примена на оваа политика. Овој пристап уште еднаш ја потврдува определбата на Халк Осигурување за вреднување на човечкиот капитал како клучен двигател на долгорочен и одржлив успех.
Овој пристап, кој се заснова на транспарентност и препознавање на постигнувањата, го зголемува нивото на вклученост и лојалност кај вработените. Според истражување на Gallup (2023), вработените кои добиваат конструктивен фидбек имаат 2,5 пати поголема веројатност да останат во компанијата. Во Халк Осигурување, ова е потврдено преку високото ниво на задржување на персоналот – над 60% од вработените се дел од компанијата повеќе од 5 години.
Истовремено, анализите на Македонската асоцијација за менаџмент на човечки ресурси (МАМЧР) покажуваат дека компаниите со формализирани фидбек системи имаат 30% повисока стапка на задржување на кадар. Халк Осигурување се вбројува меѓу компаниите во регионот што континуирано спроведуваат структуриран и сеопфатен пристап во оваа област – нешто што во западноевропските земји е пракса кај над 70% од компаниите, но на Балканот сè уште се смета за исклучок.
Во време на брзи пазарни промени, ваквиот систем не само што придонесува за индивидуален раст, туку и значително ја зголемува адаптивноста и конкурентноста на компанијата. Преку вложување во своите луѓе, Халк Осигурување гради силна, мотивирана и продуктивна работна сила која е подготвена да ги надмине сите предизвици.
Фидбекот е повеќе од зборови – тоа е стратегија за успех.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.