Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.
Финансиско друштво М Кеш како лидер на пазарот во финтек индустријата и предводени од она што е во ДНК на нашата групација МФГ – иновации, ширење нови бизнис идеи и пазари, имаме потреба од Проект Менаџери!
Идеалните кандидати треба да бидат лидери, да имаат искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентирани, добро организирани и самоиницијативни личности кои може да понудат брзи решенија за новонастанати ситуации.
Твојата улога
- Управување на проекти поврзани со финансиски продукти, дејности како и разни нови бизнис идеи
- Управување со внатрешни и надворешни проекти, актуелни и нови согласно потребите и стратегијата на компанијата
- Комуникација со надворешни соработници, бизнис партнери, институции и сл.
- Координација помеѓу бизнис тимови, маркетинг тимови, правни тимови, финансии и менаџментот на компанијата
- Планирање и следење рокови, буџети и ресурси
- Идентификација и управување со ризици
- Обезбедување усогласеност со интерни политики и регулаторни барања
- Подготовка на проектна документација, извештаи и статус апдејти кон менаџмент
- Јасна и навремена комуникација со менаџментот и засегнатите страни
Профил на кандидат
- Ќе се смета за предност искуство на иста или слична позиција
- Ќе се смета за предност искуство со менаџирање и координирање на тимови и задачи
- Ќе се смета за предност искуство со работа на проекти и водење тимови
- Одлични организациски и аналитички вештини
- Одлични комуникациски способности и ориентираност кон резултати
- Способност за донесување одлуки и работа со рокови
- Високо ниво на професионална одговорност и интегритет
- Познавање на англиски јазик
Ако знаеш како да управуваш со партнери исто толку прецизно колку и со проекти — оваа улога е за тебе.
Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!
Ние нудиме:
Што нудиме
- Работа на проекти со директно влијание врз растот и стабилноста на друштвото
- Професионална, стабилна и поддржувачка работна средина
- Јасна структура, но и простор за иницијатива и подобрувања
- Континуиран професионален развој
- Конкурентни услови и долгорочна перспектива
- Уникатна нето плата со атрактивна можност за континуиран раст во текот на годината
- Отворени можности за дополнителна заработка
- Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
- Приватно здравствено осигурување
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за родено дете
- Слободен ден за прваче
- Училишен сет за дечињата на вработените
- Конференции и други активности
- Платени обуки
- Можност за континуиран кариерен развој
- Општествено одговорни иницијативи
Доколку сакате да работите во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk
