Прва бесплатна рекрутинг конференција Shaping Tomorrow’s Workforce

од 24HR

Почитувани рекрутери, HR експерти, директори

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на нашата прва бесплатна рекрутинг конференција Shaping Tomorrow’s Workforce, која ќе се одржи на 15 октомври 2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на М6 едукативниот центар.

Конференцијата е наменета за сите кои се заинтересирани за рекрутирањето, иднината на човечките ресурси и како заеднички можеме да го обликуваме пазарот на трудот. Ќе имате можност да присуствувате на инспиративни предавања и дискусии кои ќе ја истакнат важноста на добросостојбата на рекрутерите, нивните лични избори и како тоа влијае врз професионалниот успех.

Преку динамична програма, ќе имате можност да:

  • Слушнете од искусни HR професионалци и лидери во индустријата за тоа како се справуваат со актуелните предизвици во рекрутингот.
  • Дознаете како личните избори и свесното управување со стресот можат да го подобрат вашиот професионален и личен живот.
  • Научите повеќе за развој, бенефити и примена на емоционалната интелегенција на Вашето работно место
  • Размените искуства со колеги од индустријата и да научите нови пристапи за подобрување на процесите за регрутирање и добросостојбата на тимовите.

Ќе имате можност да слушнете и дискутирате за што влијае на успешноста во рекрутирањето и како свесноста за вашата добросостојба може да ги подобри вашите професионални перформанси. Секој дел од конференцијата е осмислен за да ви помогне да го најдете балансот помеѓу личното и професионалното, при тоа надминувајќи ги стресовите кои често ги носи рекрутинг индустријата.

За време на паузата, ќе уживате во највкусните и здрави барови на Vitalia, нашиот energy boost спонзор, и закуска од НЛБ Банка, Скопје.

Дополнителни можности:
Доколку сакате да ја претставите Вашата компанија или да ги споделите Вашите најдобри практики, нудиме можност за спонзорство и промоција на вашиот бренд пред широка публика.

Не ја пропуштајте оваа можност да се поврзете со водечки професионалци од индустријата, да добиете нови идеи и да бидете дел од заедницата која го обликува утрешниот пазар на труд.

Регистрација:
Бројот на места е ограничен, па затоа ве охрабруваме да се пријавите што е можно поскоро и да го обезбедите вашето место на овој значаен настан.

За повеќе информации и регистрација, ве молиме контактирајте не на: contact@ittude.one

Се гледаме на конференцијата!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...