Првата акредитирана HR Академија од МОН на  Семос Едукација ги надмина  сите мои очекувања.Ја препорачувам на секој кој сака да е дел од HR светот

од 24HR

Разговараме со Сања Михајловски, на позиција Директор за управување со директна продажна мрежа во Кроација Осигурување и студент на првата Семос Академија за човечки ресурси, акредитирана од МОН, генерација 2020/21.


Здраво Сања, најпрво кажи ни нешто за себе и зошто се одлучи за човечки ресурси?

Изминативе 8 години менаџирам продажни тимови и се соочував со предизивик при регрутација, селекција, но и мотовација и задржување на кадрите. Водена од изјавата на Алберт Анјштајн дека повторувањето една иста работа и очекувањето на друг резултат е дефиниција за глупавост, решив да научам нешто ново со цел да постигнам подобар резултат.

Живееме во време на постојан фокус кон дигитализацијата, но во мојата работа, а верувам и во многу други професии, луѓето се најголемата конкурентска предност на една компанија. Водена од тој факт, сакав да ги развијам своите вештини на правилен начин и да ги водам луѓето до остварување пред сè на нивните лични цели, а со тоа и целите на компанијата,  истовремено со почитување на сите права на вработените и исполнување на сите обврски кон компанијата.

Како Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација ти помогна во секојдевното работење?

Одбрав неформално образование бидејќи ми беше најважно да слушнам искуства од пракса и тоа локални, применливи во средината во која работам. Академијата ги надмина моите очекувања бидејќи низ интерактивен процес беше споделена применлива пракса, материјали на кои можам да се навратам, но и континуирана поддршка која ја имам и денес за сите дилеми за кои можам да добијам одговор и совет. Променив многу во мојот пристап на водење на тимот со кој работам, на самиот процес на регрутација и на системите на мотивација, а резултатот е само последица. Иако мојата работа не е конкретно поврзана со управување со човечки ресурси, сепак сум уверена дека секој кој води тим или сака да напредува на раководна позиција, академијата ќе му помогне да ги прошири своите хоризонти, а со тоа и поуспешно да го менаџира својот тим.

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

  • Кредибилитетот на сите предавачи без исклучок – знаење, искуство и вештини истото да го пренесат.
  • Изобилноство од материјали кои имаат практична вредност.
  • Споделеното искуство од сите учесници – искуство од пракса кое не се учи од учебник.

Како напредува HR индустријата во Македонија, а каков е тој напредок во светски размери, твое мислење?

Се соочуваме со недостаток на работна сила во речиси сите дејности и сметам дека со развојот на ова занимање ќе се надминат предизвиците, ќе се унапредуваат работните средини и HR професионалците ќе создаваат „здрави“ работни средини во кои секој вработен ќе може да биде најдобрата верзија од себе, а во такви услови и ќе генерира најдобар резултат за компанијата за која работи.  

За крај, што би им порачалa на оние кои сакаат да се приклучат на HR Академијата?

Да не пропуштат ниту еден модул! Уверена сум дека за некоја година ќе се запишам пак – секогаш има нешто ново да се научи, имајќи предвид со која динамика се случуваат промените. Без двоумење ја препорачувам академијата и ме радува што слушателите од генерацијата 2021/2022 со кои ги споделив моите искуства и ја слушаат академијата го делат истото ниво на задоволство и исполнети очекувања.  

Најголемиот попуст за следната група на HR Академија е до 30 јуни!
Бројот на места е ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи индивидуална средба со нашиот тим за повеќе насоки и детали за програмата.

Сања Михајловски Директор за управување со директна продажна мрежа Кроација Осигурување

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...