Во основните училишта во Берово ќе се одржат едукативни средби за булинг кои што ќе ги овозможи „Макпетрол“. Активностите отпочнуваат со меморандум за соработка потпишан меѓу општината и компанијата. Беровските ученици, како и нивните наставници, педагози и психолози, ќе учествуваат на работилници предводени од психолог којшто има долгогодишно искуство со булингот. Знаењата стекнати на овие средби, стручните служби потоа ќе можат да ги применат во секојдневната настава. Дополнителна едукација ќе се овозможи и со прирачници испечатени и доставени од компанијата.
Берово е 24 општина што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминативе денови тоа го сторија и Свети Николе, Ново Село, Струга и Кавадарци. Претходните месеци, од почетокот на 2024 и Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во 2023 година, од почетокот на кампањата, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.
Едукативни материјали и работилници се обезбедени од „Макпетрол“ за сите 24 општини што досега се приклучија на кампањата. Образовните средби, на кои што психологот пренесува знаења за булингот, но и на кои што учениците споделуваат какви се нивните искуства со проблемот, веќе се одржаа во дел од општините. Над 40 училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие работилници. Во останатите тие се во тек или ќе се одржат во следните недели. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.
Интернет-страницата kreniglas.mk е носечкиот дел на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Компанијата го овозможи креирањето на овој вебсајт со цел децата и младите да добијат платформа за информирање, но и за споделување лични приказни за врсничкото насилство без притоа да го откријат својот идентитет. Преку анонимноста, тие можат слободно да пренесат како гледаат на проблемот и да се стекнат со знаења за тоа како состојбата би можела да се подобри.
„Крени глас против врсничко насилство“ е кампања преку која што „Макпетрол“ го исполнува својот стратешки приоритет за општествена одговорност. Компанијата низ годините непрекинато иницира или учествува во активности кои што овозможуваат поддршка на заедницата. Кампањата „Стоп за булинг“ е фокусирана на младите, односно на обезбедувањето поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Креирањето можност за младите генерации и натаму ќе биде значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.