DisruptHR Скопје 2.0

од 24HR

Одвреме-навреме се организираат настани што ги размрдуваат работите, ве тераат да размислувате поинаку, ве инспирираат.
Токму таков настан е DisruptHR, кој се организира во стотици градови низ светот.


По успешниот прв DisruptHR Скопје настан (потсетување на говорите тука),за кој имаше голем интерес и се бараше билет повеќе, придружете ни се на DisruptHR 2.0, на возбудлива вечер посветена на инспирација, иновации и дружба. Овој настан ќе се одржи на 30.05.2024 (четврток), во 18:00 часот, во едукативниот културен центар Лабораториум.
Настанот има за цел, преку говори кои поттикнуваат на размислување, да претстави професионалци кои даваат нови перспективи кон светот на човечките ресурси, бизнисот и работата воопшто.DisruptHR Скопје 2.0 е совршена можност за вмрежување, учење и предизвикување на status quo-то.
Не пропуштајте го овој уникатен настан кој обединува поединци кои размислуваат напредно и кои имаат страст за поттикнување промени на работното место.


Придружете ни се на DisruptHR Скопје и бидете дел од бунтовната иднина на HR со нас!
Бројот на билетите е ограничен, купете го Вашиот билет тука.
Ве очекуваме!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...