Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
Во нашиот тим, имаме потреба од талентирано лице на работно место:
РЕГРУТЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR RECRUITER)
Бидејќи веруваме дека нашите луѓе се нашата најголема вредност ние не само што вработуваме, туку преку нашите луѓе ја градиме нашата култура. Како Регрутер за ЧР, ќе имате големо влијание и можност да иницирате промени и да превзмате активности кои ќе водат кон остварување на компаниските цели и секако да го предводите процесот на изнаоѓање и регрутирање на таленти Како Регрутер за ЧР, ќе играте витална улога во обликувањето на нашата работна сила и ќе се грижите вистинскиот талент да биде на вистинското место за да го поттикне нашиот успех.
- Диплома од областа за човечки ресурси или поврзана област;
- Докажано искуство во сегментот на изнаоќање, селекција и регрутација на кандидати, со предност во областа на технологија и телеком.
- Харизма, енергичност и способност за добра проценка на кандидатите.
- Високо развиен тимски дух и самоиницијативност во дејствувањето.
- Способност да се развивате во брзо, динамично опкружување.
- Прецизност и решавање на проблеми
- Активно познавање на англиски јазик
- Високо развиени комуникациски, организациски и аналитички вештини;
- Способност за креативно и иновативно размислување;
Одговорности
- Дефинирање и одредување на потребите за вработување/ангажирање во компанијата;
- Talent acquisition: Пронаоѓање на врвни таленти. Идентификација , привлекување и ангажирање на таленти преку користење на иновативни алатки, канали и извори на регрутирање;
- Брзи интервјуа: Брзината е ваш сојузник – за оценување на квалификациите и компетенциите на кандидатите.
- Имплементација и употреба на електронски алатки за водење и поддршка на процесот на регрутација, вклучувајќи и надворешни алатки, социјални медиуми и портали;
- Унапредување на процесот на регрутација.
- Од првиот контакт со кандидатот до изборот и стапувањето на работното место (onboarding), кандидатот ќе биде вашиот приоритет, а ваша цел ќе биде да му обезбедувате врвно корисничко искуство,
- Партнер со влијание: Комуникација и соработка со менаџерите на сите нивоа во насока на идентификување и задоволување на потребите за вработување;
- Ќе користите податоци и метрика за континуирано оптимизирање на нашите процеси за регрутирање.
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Отвореност и подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Иновативност
———————————————————————————————————————————————————————————————–
Работно време:
- Работното време во компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Ако сте подготвени да ја подигнете вашата кариера на следното ниво и да бидете дел од компанија која ги цени своите луѓе, пријавете се.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на нашата организација преку стекнување таленти. Вашите вештини и посветеност ќе направат разлика!
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и / или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за – Регрутер за човечки ресурси (HR Recruiter).
Огласот ќе биде објавен на ден 03.10.2023 година и ќе трае до 13.10.2023 година.
Контакт информации тел. 02/3 242-602
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.