Се одржа Правната конференција 2023

од 24HR

Правната конференција 2023 (85-та Средба на правниците) во коорганизација на Здружение на правниците на РСМ и АЦТ! ДОО Скопје која се одржа од 08-10 јуни во хотел Метропол, Охрид беше иновативен концепт со технолошка изврсност, динамична агенда, интерактивни презентации и панели. 24 предавачи, над 190 учесници, 4 покровители и 8 членови на конференцискиот тим се заслужни за ова инспиративно искуство!

После успешните 3-дневни конференциски активности, конференцискиот тим не можеше да одолее на дружењето и организираше забава за вмрежување и инспирација во бар покрај Охридското езеро.

Одлично искуство, иновативните идеи, неверојатните предавачи и панелисти и несебичната енергија на учесниците – ова беше една од оние конференции кои што не сакате да ги пропуштите во иднина.

Конференцискиот тим е возбуден за следните можности и остануваат посветени на континуираната правна едукација!

Повеќе фотографии на следниот линк.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...