Разговор со директорката на хуманитарната фондација „Go Far“, Мирјана Тепшиќ, за првите собрани средства преку мобилната апликација изработена од страна на тимот на Инфинити Енерџи ИТСС во Скопје.
Од каде дојде идејата за основање на фондација, која е нејзината главна цел?
Идејата за основање на хуманитарна фондација произлезе од духот и идеологијата на нашата групација, Infinity International Group, кадешто преку технологијата, човечките ресурси и практиките за поддршка на заедницата со години наназад се работи во правец на унапредување на општеството, вредности коишто се застапени кај сите компании-членки.
Како хуманитарна фондација, главната цел на организацијата е да им се помогне на оние на коишто им е најпотребно, но главниот фокус сега е насочен на три „фронта“ – фондови за млади таленти, јавни кујни и помош на деца, со надеж дека активностите ќе дадат придонес кон намалување на социo-економските разлики помеѓу луѓето и зголемување на чувството за хуманост.
Веќе го направивте првиот пресек на кампањата „Чекори за хуманост“, каде ги поделивте средствата?
Благодарение на апликацијата којашто ја изработи нашиот тим во Скопје за „Go Far“ фондацијата, собрани се првите 15.000 конвертибилни марки за помош на пет организации во Бања Лука на кои им е неопходна поддршка. По 3.000 КМ се доделени на градската организација на Црвен крст, јавната кујна „Мозаик на пријателството“, домот за деца без родители „Рада Врањешевиќ“, организацијата „СОС детско село“ и здружението за социјално загрозени деца и млади „Нова генерација“.
Голем број на донации беа собрани преку хуманитарните трки „Infinity Fun Run“ во Бања Лука и „Race for the cure“ во Сараево, но и со помош на рекреативците кои со секој поминат километар обезбедија по една конвертибилна марка од нашите спонзори.
Им честитаме и благодариме на сите коишто се вклучија во акцијата, затоа што заеднички ја остваривме првата цел.
Како функционира мобилната апликација за собирање средства?
Бесплатната апликација е достапна на „Google Play Store“ што отвора можност за сите заинтересирани да учествуваат во собирањето на средства преку пешачење или трчање, бидејќи за секој поминат километар компаниите – партнери донираат по една конвертибилна марка. Ова значи дека сега сите можат да бидат хуманитарци. До сега имаме повеќе од илјада активни корисници на апликацијата и нивниот број секодневно расте.
Кои се вашите следни цели?
Сега пет установи добија по 3000 конвертибилни марки, но нема да застанеме тука, одиме понатаму кон целта за собирање на 50.000 КМ. Среќна сум што оваа благородна приказна секојдневно добива сѐ повеќе поддржувачи со чија помош верувам дека бргу ќе стигнеме до остварување на зацртаните цели.
По оваа кампања ќе продолжиме да ги следиме потребите на општествената заедница и да работиме на здружување на силите и финансиските и човечките ресурси, како и на заедничко развивање на свеста за проблемите од социо-економска, хуманитарна, научна, образовна и културолошка природа. Се надевам дека во процесот ќе наидеме на многу хумани поединци, компании и организации со коишто заеднички ќе стигнеме уште подалеку.
Надвор од фондацијата, на ниво на групација ќе продолжиме активно да работиме во правец на изнаоѓање ефикасни решенија за поддршка на млади и талентирани луѓе, унапредување на знаењето, образованието и претприемничката култура, технологијата, иновациите и енергетската ефикасност.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.