петок, јануари 9, 2026
Почетна СтатииСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: КОСТАНЦА МИЈАЛКОВА, БИЗНИС КОНСУЛТАНТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И GEPEKO ОБУЧУВАЧ

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: КОСТАНЦА МИЈАЛКОВА, БИЗНИС КОНСУЛТАНТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И GEPEKO ОБУЧУВАЧ

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:

„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“

Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Костанца Мијалкова, бизнис консултант за управување со човечки ресурси и GEPEKO обучувач

„ Новите технологии се широко применети, покрај другите и во работата на луѓето што се занимаваат со управување со човечките ресурси.

Сѐ почесто сме сведоци на употреба на ATS за филтрирање на биографии на апликантите, аватари кои водат прво интервју итн.

Кога би можела нешто да сменам, како Дедо Мраз…би влијаела на нашата „фела” да гo преиспита  користењето на  ATS – Applicant Tracking System.

Заедно со бенефитот – заштеда на време на регрутерите, користењето  на ATS за прва филтрација на апликации има една голем недостаток. ATS не е совршен. Честопати, вистинските кандидати не стигнуваат до првото интервју токму поради дисквалификација во ATS. Причината е неоправдана односно само затоа што ATS  не го препознал зборот што „сака” да го прочита. И сега, апликантите мораат да замислуваат што „би сакал” ATS да види во нивното CV за да можат да се надеваат дека ќе стигнат до првото интервју. ATS станува пречка и за оние креативци кои сакаат своето CV да го направат на еден креативен начин (надвор од вообичаените templates), каков што имав среќа да видам и да се воодушевувам на креативноста.

Конечниот резултат е дека, честопати, вистинските кандидати не стигнуваат до вистинските работни позиции.

Дополнително, не сме ни сигурни дали луѓето што стојат позади производството на ATS продуктот се доволно информирани за процесот или се само инженери кои размислуваат инженерски, а не HR-овски.

За користење на нови технологии – ДА но, онаму каде што навистина е потребен human touch, големо НЕ.“

Related Posts

Leave a Comment