Што значи да се биде одличен лидер?

од 24HR

Димитрија Ристевски-Специјалист за обуки и развој во Tigo Finance

Според мене, меѓу другото – да е ГОЛЕМ човек.

А што значи голем човек?

– Да се издигнуваат другите, па макар и да не се добие лично признание;
– Да се дава најдоброто од себе на секое поле и кога не ти е денот или периодот;
– Да се одговори со добро и љубезност кога некој е нечовек кон тебе. Човекот треба да се научи на нешто што не го знае;
– Да знаеш да ги ислушаш другите без потреба да одговориш;
– Да се направи барем малку среќен и весел денот на другите и да се прекине ланецот на негативност;
– Да си успешен на сите животни полиња, не само на едно;
– Да ги изненадиш со мало внимание другите за нешто што ти спомнале дека е важно за нив пред 2 години;
– Да знаеш да дадеш без потребата дека нешто треба да ти се врати назад;
– Да се преземе 100% одговорност за секоја направена глупост;
– Да не се зборува лошо за друг без тој човек да е физички присутен за време на разговорот;
– Да си храбар и да ги следиш лудите соништа кои ги имаш;
– Да се играат животните игри етички;
– Да е човек чесен и кога истрпил многу нечесности на свој грб;
– Да не отстапуваш од своите лични вредности и принципи, да станеш човек со интегритет;
– Да комуницираш без его со останатите, без оглед на твојот статус, животни достигнување, титула и сл.;
– Да се бориш за вистинските вредности и тогаш кога сите имаат различен став од твојот;
– Да знаеш дека светот не се врти околу тебе;
– Да победуваш со фер плеј, не со газење на другите околу тебе;
– Да се губи со крената глава и со 100% вложен напор;
– Да се помогне на други, познати и непознати, со мали акти навнимание и кога никој помош не бара…

Се надевам имате луѓе во вашите животи со овие карактеристики, или уште подобро, дека и самите сте ГОЛЕМИ.

За авторот:

Димитрија Ристевски од Скопје, 37 години. Страствен вљубеник во планините и работата со луѓе. 12 години работно искуство: градење тимови, организација на обуки (лидерство, мотивација, меки вештини, HR процеси, личен раст и развој и сл.) и тим билдинг активности, коучинг, Човечки ресурси. Искуство во HR – последни 3 години: Ресорт Маврово и Ле Гранд Казина; во моментот вработен во Тиго Фајнанс како Специјалист за обуки и развој. Хоби: планинарење, кампинг, читање книги. 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...