Social Day во КАМ

од 24HR

Со особено задоволство КАМ оваа година се вклучи во проектот “Social Day” и им ги отвори вратите на 10 млади средношколци и студенти кои покажаа интерес да ја запознаат корпоративната култура и начинот на функционирање на компанијата.

Овој проект е организиран од страна на Здружението на граѓани “Младите можат” кој им овозможи на младите средношколци/студенти, со посета на нашата компанија да дознаат како изгледа еден работен ден во секторите на команијата.



Оваа иницијатива има за цел да ја поттикне ангажираноста на младите средношколци/студенти како и општествена одговорност бидејќи дневницата што би ја добиле за денот поминат на работа во компанијата ќе ја донираат за реализација на проекти за подобрување на положбата на младите во нашата држава.

Младите средношколци и студенти, покажаа дека имаат амбиција да ги осознаат можностите во кој правец може да се развива нивната понатамошна кариера.


Средношколците и студентите беа распоредени во повеќе различни сектори на неколку локации во Скопје и околните градови во поголем број на сектори: Човечки ресурси, Маркетинг, Правна служба, Ревизија, Контролинг, Продажба, Логистика.
КАМ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и ќе земе активно учество во вакви иницијативи насочени кон општествена одговорност во подигнување на нивото на образованието во државата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...