Многу моќен збор.
Колумна на Афродита Кермичиева Пановска –HR Директор во Teleperformance Germany и одговорна за 5.000 вработени во Германската групација.
Во секојдневниот живот сите се стремиме кон среќа. Тоа е она што не мотивира да ги постигнеме нашите цели и да ги следиме нашите соништа. Сепак, не е секогаш лесно да се дефинира и измери среќата.
Концептот на среќа е субјективен и многу варира од личност до личност. Таканаречената „Метрика на среќа“ е важна алатка која може да ни помогне на нас како личности, но и на организациите и тимовите да ја измериме и подобриме нивната благосостојба. Таа зема предвид низа фактори, вклучувајќи приход, социјална поддршка, здравје и лични вредности. Со мерење на овие фактори, метриката за среќа нуди холистички поглед на благосостојбата на луѓето.
Сите кои работат со агилните методи ја знаат оваа метрика од SCRUM. Оваа „метрика на среќа“ можете брзо и лесно да ја воспоставите во компанијата, а со тоа да ја зголемите продуктивноста и задоволството на вработените. Се применува во ретроспективите на тимот.
Неколку конкретни чекори:
Имплементирајте ја „Метриката на среќа“ во прегледот на секој спринт и поставете му ги на секој член на тимот следниве прашања:
- На скала од 1-5, како се чувствуваш во твојата улога во организацијата?
- На скала од 1-5, што мислиш за организацијата во целина?
- Зошто се чувствуваш така?
- Која би била една работа што би те направила посреќна во следниот спринт?
Важни аспекти се подготовка на акционен план и имплементација во следниот спринт. Исто така и мониторингот е важен. Треба да се провери напредокот по спринтот.
Поставувајте ги овие прашања во секој спринт со вашите тимови. Бидете фокусирани, насочете го тимот до нивната среќа и гледајте како перформансите се подобруваат. Не се откажувајте и резултатите ќе бидат видливи.
Вклучувањето на метриката за среќа има многу придобивки, како на пример зголемена продуктивност, помалку отсуства и поголемо задоволство од работата. И во духот на SCRUM: за да бидете среќни, треба да работите и постојано да оптимирате, знаејќи добро дека совршенството никогаш не може да се постигне. Секој чекор е важен!
Добро објаснување на „Метриката на среќа“ и вовед дава Jeff Sutherland во својата книга „Scrum: The art of doing twice as much in half the time„.
За авторот:
Афродита Кермичиева Пановска, MBA е Prince2® Agile Practicioner и Enterprise Design Thinking Practicioner со повеќегодишно искуство во Talent и Project Management. Во моментов е HR Директор во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.