Замислете…и добијте стипендија од Академијата за графички и веб дизајн во Семос Едукација.
Осма година по ред единствената Акредитирана Академија за графички и веб дизајн во Македонија спонзорира бесплатно студирање за млади талентирани лица, на кои оваа година ќе им додели вкупно 4 стипендии (2 целосни + 2 делумни) за две категории во вкупен износ од 7.200 ЕУР. Овогодинешната тема, со наслов „Замислувам…“ отвора широк спектар на идеи за изразување на имагинацијата од различни аспекти. Со оваа иницијатива, сите креативци добиваат уникатна можност да создадат лични творби кои ќе ги отсликаат нивните идеи во форма на есеј, рачен или дигитален цртеж, постер, фотографија, па се до концепт/дизајн за веб страна или мобилна апликација во софтвер по избор. Идеите и начините на нивна креативна реализација се безгранични, моќта на мислите е неверојатна, а вие имате моќ да ја претворите во уметничко дело со личен печат и да станете потенцијален добитник на стипендија.
На конкурсот се аплицира за академската 2022/23 година за една од двете стручни едногодишни програми: Графички дизајн и Веб дизајн. Стручниот тим на професори од Академиите, детално ќе ги разгледа, транспарентно ќе ги одбере и награди најоригиналните решенија.
- На конкурсот може да аплицираат сите полнолетни лица со завршено средно и/или високо образование и истите можат да почнат со настава во септември 2022 година.
- Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн.
- Пријавата мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија, а со самото учество кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила пропишани во Семос Едукација.
- Професионален пристап и транспарентен процес на селекција на кандидатите.
- Одлучете за која категорија ќе аплицирате. На следните линкови може да прочитате повеќе информации за конкурсот за стипендија.
Конкурс за стипендија за категорија: Графички дизајн
Конкурс за стипендија за категорија: Веб дизајн
Краен рок за аплицирање: 04 мај 2022.
Бидете оригинални, креативни и не пропуштајте ја можноста вашата имагинација да биде почеток на квалитетна и Акредитирана едукација од областа на графичкиот или веб дизајн.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.