Аплицирај.мк или www.apliciraj.mk

од 24HR

Сакаме да го создадеме најдоброто искуство за сите Вас кои барате работа и за сите компании кои имаат отворени работни можности и се во потрага по кандидати.

Нашата Цел е да Ви помогнеме да ја најдете работата која ја посакувате и компаниите на брз, ефикасен и квалитетен начин да ги пронајдат кандидатите кои се квалификувани за отворените работни позиции!

Нашиот тим започна посветено да работи кон целта, со олеснување на патот кон вработување за активните баратели на работа, преку објавување на транспарентни информации, податоци и Огласи од Компании, Институции и наши Партнери. Притоа, внимаваме на секој детал, затоа што за нас е значајно секое индивидуално доживување и посакуваме секој наш посетител да има уникатно искуство дека навистина се наоѓа на најдобриот веб-сајт за пребарување Огласи за работа и пракса.

Веруваме дека со нашата работа ќе успееме во тоа

Изграден врз основа на зголемување на транспарентноста на работното место, Аплицирај.мк ги нуди најновите Огласи за работни позиции, податоци за Компании, извештаи за плата и ниво на позиција, прегледи за бенефити, компаниски фотографии и повеќе. За возврат, активните баратели на работа се повеќе информирани и полесно донесуваат одлука за кои работни места и Компании да аплицираат и кон чии тимови сакаат да се приклучат.

Ние постоиме затоа што Вие постоите

Нашата Визија е развиен пазар на труд – затоа што човекот ја води компанијата напред и со тоа човекот ја води економијата во раст. Со нашата работа сакаме да придонесеме кон негово развивање и подобрување. Сите мали промени заедно водат кон голема промена и успех на долг рок.

Посветено работиме за го подобриме и олесниме процесот на аплицирање за активните баратели на работа, но и за оние кои сакаат да се надоградат и доусовршат на одредено поле, да стекнат нови знаења, како и за Студентите кои се подготвуваат за својот кариерен пат. Тоа го правиме преку обединување на сите активни Огласи за работа, Објави за пракса, почетна позиција за работа, стипендии, натпревари и конкурси за Студенти, академии, школи, курсеви, обуки, конференции и други настани од едукативен карактер од неформално образование на едно место, со само еден клик кон Аплицирај.мк.

Во изминатите две години работиме кон остварување на нашите Цели, со остварени над 650 соработки со Компании и Институции, објавени 1.400+ Огласи за работа и пракса, над 50 објави од Неформално образование наменети за младите и студентите, маркетинг и консултантски соработки и воодење целосен дигитален маркетинг за компании. Чувството е како штотуку да почнавме.


Им благодариме на сите наши Партнерии и Компании кои ни укажаа доверба изминативе години и станаа наши соработници, како и на сите нашите Посетители кои активно се во потрага по работа и предизвици. Останатите ги покануваме да ни се придружат –

Заедно да ја создадеме најдобрата платформа која ќе Ве поврзува сите Вас, создавајќи го најдоброто искуство за Вас, со само еден клик кон Аплицирај.мк.

Ваш

Аплицирај.мк
www.apliciraj.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...