Еден од поимите што веројатно ќе ги сретнете ако сте заинтересирани да започнете култура на промени е т.н. микс од Стратешко управување со човечки ресурси и Управување со квалитет.
Основни концепти на управување со човечки ресурси и квалитет: Работејќи заедно како тим за подобрување на секојдневните процеси Подобрувањето на процесите за човечки ресурси ќе го зголеми квалитетот на производите и услугите Одлуките во врска со човечки ресурси треба да се носат со користење на фактички информации .Менаџерите треба сами да ги истражат проблемите со човечките ресурси за да соберат информации .Низа мали промени на човечки ресурси со текот на времето може да доведат до SHRM.
Човечките ресурси не се работна позиција која завршува со работното време, тоа е долгорочен процес. Човечките ресурси можат да бидат најважната врска помеѓу вработените и врвниот менаџмент .Секоја голема компанија сака да има лојални и што е најважно задоволни вработени.
Постигнувањето на еднонасочна цел во денешниот деловен свет веќе не е доволно, доколку нема меѓусебно разбирање и баланс меѓу вработените и врвниот менаџмент, тоа се смета за неостварена цел, секогаш треба да се стремиме кон подобрување, напредок, и профитабилност. Менаџерот за човечки ресурси ги контролира сите овие детали за да и помогне на компанијата и нејзините вработени, што ќе придонесе за долгорочен успех и развој. Самата конструктивна работа, начинот на кој ги регрутира работниците, ги поставува на позициите што најмногу им одговараат и го извлекува најдоброто од нив, ни дава за право да кажеме дека човечките ресурси се една од главните, ако не и главната алка, во секоја компанија.
Во оваа професија, ако сакате да се контролирате, користете го здравиот разум, ако сакате да ги контролирате другите, користете го срцето.
За Авторот:
Михаил Китановски е интернационален бизнис и менаџмент консултант во Д2ЕМ Консалтинг. Веќе 20 години, Китановски и Д2ЕМ Консалтинг испорачуваат in-house консалтинг услуги, коучинг, и обуки за повеќе од 750 клиенти во 30 земји во светот. Главната цел на овие услуги е да се задоволат барањата на клиентите и да се испорача мерлив излез, а научниот пристап и континуираното учење се основа на работата на фирмата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.