ТАВ Аеродроми уште еднаш се стекна со сертификат од Great Place To Work, еден од водечките светски институти за истражување на човечки ресурси познат по својата работа на корпоративна култура. Преку евалуација, Great Place To Work ги препозна напорите на ТАВ Аеродроми и ја додели сертификацијата
ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, уште еднаш се стекна со престижниот сертификат Great Place To Work преку програмата за евалуација спроведена од страна на Great Place To Work – Турција. Оваа програма ги оценува искуствата на вработените во однос на корпоративна култура, додека процесот на сертификација опфаќа детални анкети посебно креирани за повратни информации од вработените.
Директорот за човечки ресурси на ТАВ Аеродроми, Хакан Окер изјави: „Во ТАВ Аеродроми, се стремиме, секој ден, да го обезбедиме најдоброто патничко искуство на десетици илјади патници ширум светот. Денес, присутни сме во 29 земји, преку 15 аеродроми со кои управуваме во 8 земји, како и преку услугите и производите на нашите подружници на повеќе од 100 аеродроми. Имаме преку 35.000 вработени кои што обезбедуваат услуги во секоја фаза од аеродромското искуство. Знаеме дека клучниот фактор зад успехот на нашата оперативна мрежа е нашето знаење и човечкиот капитал. Горди сме што сме препознаени како одлично место за работа преку овој процес на анализи, што директно и независно го мери задоволството на вработените. Со внимателно следење на потребите и очекувањата на нашите вработени, ќе продолжиме со нашите напори да ја зајакнеме нашата корпоративна култура во согласност со нашите корпоративни вредности.“
За ТАВ Аеродроми
Како глобален бренд за финансирање, развој и управување со аеродроми, ТАВ опслужи 78,5 милиони патници во 2022 година. ТАВ Аеродроми, е членка на групацијата АДП и претставува водечка платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Компанијата управува со 15 аеродроми во осум земји – Турција, С Македонија, Грузија, Казахстан, Тунис, Латвија, Саудиска Арабија и Хрватска. Преку своите подружници, ТАВ обезбедува интегрирани услуги во сите области на аеродромските операции, вклучувајќи бесцаринско работење; храна и пијалаци; услуги за прифат и отпрема на патници; воздухоплови, багаж и стока; ИТ-услуги; приватно обезбедување и други услуги ориентирани кон клиентите. Компанијата котира на Истанбулската берза за хартии од вредност и е вклучена во Индексот за одржливост BIST. ТАВ Аеродроми е посветена на постигнување нула емисии на штетни гасови во 2050 година.
За Great Place To Work
Great Place To Work е глобален истражувачки и консултантски институт специјализиран за култура на работното место, со искуство од повеќе од 30 години на 5 континенти и во повеќе од 60 земји. Иако придонесува за градење одлични култури на работното место со пристап за консалтинг за култура фокусирана на доверба (High Trust Culture Consulting), ги поддржува компаниите во зголемувањето на нивните иновациски капацитети и економски перформанси и ги води и насочува да станат компании на иднината.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.