Teleperformance Skopje: Од 8 вработени во 2020 до „Најдобар работодавач“ со преку 300 вработени во Македонија

од 24HR

Американската компанија Kincentric го прогласи Teleperformance Skopje за „Најдобар работодавач“ во Македонија за 2021 година.

Teleperformance Skopje кое е локално претставништво на најголемата компанија за кориснички услуги во светот се здоби со признание „Најдобар работодавач“ во Македонија од страна на американската консултантска компанија Kincentric.

Признанието се должи на одличните резултати кои компанијата ги покажа во поглед на ефективно лидерство, организациска агилност, фокусираност кон таленти и ангажираност на вработените.

Ова е всушност и прва ваква награда за Teleperformance Skopje која само ги потврдува одличните услови и исклучителните кариерни можности што компанијата им ги нуди на вработените во Скопје.

Приказната на Teleperformance Skopje започна на почетокот на 2020 година со отворањето на ултра модерен центар за корисничка поддршка во срцето на Скопје. Почнувајќи со само 8 вработени, компанијата денес брои повеќе од 300 лица на различни позиции како агенти за корисничка поддршка, супервизори, обучувачи и технички персонал.

Компанијата во изминатите година и пол беше доста активна во полето на Employer Branding, а посебно се издвои со настаните за брзо вработување познати како Денови на отворени врати кои се организираа во Скопје, но и во другите градови од државата.

Доколку одлично го познавате германскиот јазик и сакате да станете дел од оваа фантастична компанија, да бидете третирани по највисоки менаџерски стандарди, да имате постојани обуки, да ги развивате своите вештини и да напредувате во кариерата, аплицирајте онлајн на овој линк или јавете се на +389 255 18014.

За Teleperformance

Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Компанијата брои повеќе од 320.000 колеги во 80 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®. Повеќе за Teleperformance може да дознаете на веб страната www.teleperformance.com.

За Kincentric

Kincentric е консултантска компанија со седиште во Чикаго (САД) која редовно спроведува истражувања користејќи објективни метрики за мислењето на вработените за да ги идентификува водечките работодавци во Европа и светот. Повеќе за Kincentric може да дознаете на веб страната www.kincentric.com.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...