УКИМ и THRIVITY им овозможуваат на студентите да се стекнат со компетенции и вештини за вработување

од 24HR

Повеќе од 150 студенти ги следеа двата настана, од серијата насловени „Зборуваме отворено“ организирани како соработка помеѓу Центарот за кариера на УКИМ и ТРИВИТИ Кариерниот центар.

Серијата настани „Зборуваме отворено“ го привлече вниманието на студентите и отвори можност тие да дискутираат, но и да ги развиваат своите компетенции и вештини преку искуствата споделени токму во рамки на овие сесии.

„Основната цел на Центарот за кариера на УКИМ, а и на овие сесии е да им обезбедиме на нашите студенти кариерен развој, адекватен на нивното образование, да им овозможиме на студентите да се стекнат со компетенции кои што се соодветни за вработување и развој на нови вештини кои ќе им помогнат и понатаму во текот на нивниот работен век” –  вели проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ.

На овие сесии свои искуствени обраќања имаа водечките луѓе од бизнис заедницата во земјава, како што се претставниците на Алкалоид, Раде Кончар-Сервис, А1 Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија, ОКТА, Костал Македонија, ЕВН Македонија, Организација на работодавачи на Македонија, а нив ги следеа повеќе од 150 студенти, во живо и онлајн.

На првата средба одржана во месец октомври годинава, се зборуваше за практикантството, за тоа како истото е организирано во рамки на компаниите, што очекуваат компаниите од кандидатите за практиканти и зошто практиканството е важно како чекор до првото вработување.

Втората средба која се одржа на почетокот на ноември, беше посветена на процесот на подготовка на современи студиски програми, ориентирани кон потребите на пазарот на труд, светските трендови во високото образование, како и за механизмите и соработката со деловната заедница во подготовката на студиските програми, нивното спроведување, особено во делот на практичната настава и научно-истражувачката работа.

За Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и за ТРИВИТИ, целта на соработката е приближување на академската и деловната заедница, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство и прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу Центарот за кариера на Универзитетот и ТРИВИТИ Кариерниот центар.

Овие настани се дел од активностите предвидени со Меморандум за соработка потпишан во февруари 2021, помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и ТРИВИТИ Кариерниот центар.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...