Топ 5 најбарани вештини за регрутер

од 24HR

Агенцијата Star Staffing состави листа од пет најдобри вештини кои треба да ги поседуваат регрутерите за да останат конкурентни во денешниот свет на регрутирање таленти.

При регрутација на нови членови на тимот, голем дел од акцентот професионалците за човечки ресурси го ставаат на квалитетот на самиот работобарател. Но, што ако погледнеме од другата страна на огледалото? Кои вештини треба да ги поседува лицето кое вработува за да биде „добар регрутер“?

Агенцијата Star Staffing направи длабинско истражување и состави листа од пет најдобри вештини кои треба да ги поседуваат регрутерите за да останат конкурентни во денешниот свет на регрутирање таленти. Тие се:

Експертиза за градење односи

Градењето на квалитетни односи со работобарателите е прва и основна карактеристика на добриот регрутер.

Вработените кои се грижат за компаниската култура, очекувањата од работното место и придобивките на компанијата можат да донесат заклучот за сите овие работи врз база на односот кој го имаат со самиот регрутер.

Понатака, регрутерите мора да градат односи и со другите сектори во рамките на организацијата, како на пример секторот за маркетинг и другите креативни тимови, а понатаму треба да постои и тесна соработка со менаџерот за вработување.

Силна комуникација и следење

Добрите регрутери се и добри комуникатори, без оглед на тоа дали комуникацијата е лице в лице или од далечина, бидејќи и менаџерите за вработување и оние кои бараат работа очекуваат да добиваат информации во текот на целиот процес на вработување.

Поставувањето на вистинските прашања, фаќањето на важни забелешки и способноста за слушање се карактеристики кои се препознатливи кај секој добар регрутер.

Посветеност на самоподобрување

Регрутерите треба да бидат подготвени постојано да учат и да се доусовршуваат доколку сакаат да станат најдобрата верзија од себеси.

Имепратив е тие да бидат љубопитни и желни за знаење и искуство, а примената на најновите практики и технолошки трендови покажува дека тие се во тек со случувањата во својата професија.

Тие, исто така, треба да бидат прилагодливи бидејќи работите не секогаш одат по план, така што дел од проблемите и предизвиците со кои регрутерите секојдневно се соочуваат понекогаш бараат брзо и креативно решение.

Мајстор за управување со времето

Управувањето со време или time management е една од најкритичните вештини кои треба да се ги поседува еден регрутер.

Регрутерите најчесто работат на повеќе позиции одеднаш, па затоа способноста за мулти таскинг може да биде пресудна за квалитетно и навремено извршување на нивната работа.

Врвните регрутери знаат да напараат баланс помеѓу градење на односи, интервјуирање, внатрешна комуникација, исполнување на роковите и сл.

Начин на размислување воден од резултати

Регрутирањето е, по природа, игра со бројки. Во ова конкурентно поле, регрутерите мора да бидат способни да работат под притисок.

Како и сите други вработени, и тие имаат цели кои мора да се исполнат, а во нивниот случај тоа е бројот на пополнети позиции со квалитетни кандидати.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...