Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

од 24HR

Живејте го секој миг и уживајте во она за кое мечтаете уште веднаш

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство.

Овие дилеми нека не ви задаваат проблеми. Кога сакате да инвестирате во нов дом или пак во реновирање или опремување, сакате нов автомобил, планирате школување на вашите деца или имате друга потреба, дозволете си безгрижна финансиска иднина и остварување на вашите желби со уникатната понуда на кредити за население од Комерцијална банка АД Скопје обезбедени со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со оваа соработка, Триглав Осигурување Живот АД Скопје и Комерцијална банка ви овозможуваат кредитирањето да не биде ваша секојдневна грижа и да не стравувате дали вашето семејство ќе го наследи и вашиот долг. Со обезбедување на средствата за користење станбен, потрошувачки и хипотекарен кредит, при несакан штетен настан за корисникот на кредитот обврската за плаќање останува на осигурителното друштво Триглав Осигурување Живот. Полисата за осигурување на живот ви овозможува и привилегија да го добиете кредитот за кратко време и со атрактивна каматна стапка.

Нашите клиенти заслужуваат најдобро корисничко искуство, па затоа ви нудиме атрактивен пакет услуги конципиран согласно потребите на секој поединец и со цел да ви обезбеди најсовремени услови и најдобра грижа за стабилна иднина.

За детални информации и за условите за користење на поволностите посетете ги веб-страните на Триглав Осигурување Живот и на Комерцијална банка АД Скопје, а секако може да ги посетите и експозитурите на банката.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...