Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок.
Пристапот до услугата на Сторнест овозможува чување на сите податоци за расположив имот на секој поединец на своја посебна заштитена сметка. Сопственикот на сметката самостојно одредува лица на кои може да се пренесат податоците за расположив имот при настанување на немил настан. Со тоа, најблиските лица на осигуреникот може веднаш да ги добијат податоците за расположив имот и хартии од вредност со кои располагал осигуреникот, насекаде низ светот, единствено во случај на немил настан. Услугата се темели на веб базирана платформа на која клиентите можат да ги прикачат посакуваните информации и документи од важност, во формат по желба, и тоа: полиси за животно осигурување, имотни листови, банкарски депозити, крипто валути, и слично. Сепак, најголемата придобивка е безбедноста и сигурноста на начинот на чување на информациите. Платформата користи една од најбезбедните “blockchain” технологии преку која документите се енкриптираат додека трае самото прикачување, што значи дека провајдерот ги добива во енкриптирана форма и нема никаков пристап до информациите. Податоците потоа се чуваат на Амазон веб серверите кои важат за едни од најсигурните во светот. Сите осигуреници на Триглав Осигурување Живот кои имаат желба да добијат своја заштитена сметка – чувар на податоци ќе ја добијат услугата без надоместок, за време на целото траење на договорот за осигурување.
-„Задоволни сме што на нашите клиенти покрај основната полиса за осигурување можеме да им понудиме дополнителна, уникатна можност и со секоја полиса за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот клиентите да добијат своја заштитена сметка на Сторнест до истекот на договорениот период. Ова е стратешко партнерство кое навистина нуди придобивка за нашите клиентите кои сакаат да ги обезбедат своите најважни документи и информации“ – велат од Триглав Осигурување Живот.
“Сторнест е стартап компанија која е иницирана од идејата ништо да не се остави на случајност при евентуален несакан настан, туку напротив, да се помогне при креирање на наследен план на корисниците. Нашиот тим е составен од докажани ИТ експерти чија мисија е да обезбеди сигурност на секоја информација која понатаму клиентот ќе ја остави како наследство на своите најблиски доколку се случи нешто неочекувано. Грижа помалку за нашите клиенти е кога знаат дека она што го оставаат е заштитено и ќе стигне на вистинската адреса” – велат од Сторнест.
За повеќе информации,
📞 0800 04444
Триглав Осигурување – Живот, за живот со насмевка
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.