Успешен Отворен ден за вработување во организација на М Кеш и М Брокер

од 24HR

Со огромно задоволство и гордост ве известуваме дека на 20.05.2024 год., во чест на Денот на Човечките Ресурси, М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!

Човечките ресурси се основен столб во секоја успешна работна организација. Секојдневно се соочуваат со предизвици и можности кои бараат креативност, воведување на промени и развој на стратегии за да одговорат на потребите на работната организација  и вработените, а воедно го обликуваат кадровскиот пејсаж, инвестираат во вработените, креираат и поддржуваат лидери и ги мотивираат вработените да бидат најдобра верзија од себе.

Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го  искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.

Интересот и посетата од големиот број квалитетни кандидати и потенцијални наши вработени нè мотивира да продолжиме со посветеност кон креирање на квалитетна работна средина.

Им благодариме за интересот на сите кандидати кои не посетија и се надеваме на дологодишна, успешна соработка со оние со кои го збогативме нашиот тим!

Честит ден на сите ЧР специјалисти, професионалци и посветени вработени во оваа област!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...